Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лукаревска: Владата се задолжи 15 милиони евра за проект кој е 94,3% реализиран

0
By Zoran Ivanov on September 2, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес пред целата јавност, зборувавме за уште едно ново задолжување на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од 15 милиони евра. Задолжување за проект кој, според официјалните податоци, е реализиран 94,3%. Прашањето е, зошто 15 милиони евра за само 5,7% нереализирани активности, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната собраниска седница.

Таа потенцираше дека овој проект, вреден 21,5 милиони евра, беше донесен уште во декември 2020, со поддршка од мнозинството предводено од СДСМ.

Истите тие кои денес седат во Владата, тогаш го критикуваа. Неосновано. Обвинуваа за ‘душманско трошење’, велеа ‘нов ден, ново задолжување’. А сега е исто, само износот на којшто треба да се задолжиме е различен. Дали денес ги има тие стандарди? Ги има. Новото законско решение се носи без ниту еден претставник од Министерството за образование. Владата на ВМРО-ДПМНЕ носи закон за образование без ресорниот министер “, потенцираше Лукаревска.

Таа потсети дека во предлог-законот се задржани истите четири компоненти од првичното решение, вклучително и компонентата за консултанти и обуки, токму она што го критикуваа ДПМНЕ кога беа во опозиција.

Што е сменето? Ништо. Освен што сега трошат уште 15 милиони евра. И ова се прави пред избори за да можат градоначалниците да се пофалат со поддршка од централната власт. Замислете, денес е втори септември, изборите се на 19 октомври, рече Лукаревска.

Според неа, ова задолжување нема економска логика, нема образложение, нема нишка отчетност.

Ова не е развојна инвестиција, ова е политичка злоупотреба. Постојат и други небулози кои го детерминираат ова законско решение, односно ова задолжување, како една несоодветна конзистентност во она што значи политики на една или друга политичка партија. Ако нешто се критикуваше претходно од опозицијата, што е сменето сега за да се поддржи кога сте власт? Веројатно овде ќе важи и она правило: Не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам, истакна Лукаревска.

 

кредит Лукаревска проект реализиран
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.