Луксембург го доби првиот премиер хомосексуалец. Xavier Bettel положи заклетва и го започна патот за воведување на нови реформи, како што се браковите од ист пол.
Bettel на премиерската функција го замени Jean-Claudea Junkcer, кој досега беше премиер со најдолг стаж во Европската унија, дури 19 години беше на оваа функција. И заменикот на новиот премиер, Etienne Schneider исто така е геј.
Се очекува Bettel да воведе промени како е укинувањето на верското образовоние во училиштата и воведување на етика во наставата. 40 –годишниот Bettel кој досега беше градоначалник на Луксембург, изјавил дека мора да донесе и некои непопуларни мерки, да ја намали потрошувачката за да го задржи високиот кредитен рејтинг.
Нов министер за финансии е Pierre Gramegnа, претседател на луксембуршката Стопанска комора и поранешен амбасадор во Јапонија.