Демохристијанската партија на премиерот на Луксембург, Жан Клод Јункер, убедливо победи на одржаните парламентарни избори, покажуваат првичните резултати, соопштени после 55 отсто обработка на гласачкиот материјал.
Демохристијаните освоиле 33 % од гласовите, што е пад за 5 % во однос на претходните избори. Нивниот коалиционен партнер, Социјалдемократите освоиле околу 19 % а опозиционоата Демократска партија околу 18 отсто. Четврта на изборите е партијата на Зелените со 11% доверба од гласачкото тело.
Јункер е на функцијата Премиер на Луксембург од 1995 година, и е најдолго на таа позиција во Западна Европа.
Гласањето во Луксембург е обврзувачко, а 240 000 луѓе бираа 60 пратеници од девет политички партии. Изборите се распишани по оставката на Јункер, откако беше вмешан во скандал за шпионажа на политичарите во неговата земја.