Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лустрирани четири функционери, само Дамјановски против

0
By Нова ТВ on April 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лустрирани се четири лица соработници на тајните служби со 8 гласа за, додека само Чедо Дамјановски бил против.

Се работи за двајца наредбодаватели кои издвале наредби и прибирале информации и двајца сорабоници на тајните служби потврдија во Комисијата за верификација на фактите. Двајцата се познати и звучни имиња во јавноста.

Едниот од двајцата наредбодатели, бил потсекретар во Министерството за внатрешни работи, а потоа и заменик-јавен обвинител. Другиот бил републички секретар за внатрешни работи и окружен јавен обвинител, како и член на антикорупциската комисија.

Аргументите на Лустрациска се следниве: Тие како наредбодатели ги прекршувале човековите права и слободи од идеолошко- политички и партиски причини, издавајќи наредби за следење на движењата и комуникациите на лица осомничени за настапување од позиции на македонски и албански национализам и сепаратизам.

Нивните сомневања не биле потврдени во законски утврдена процедура, а ги прекршувале и човековите права и слободи на малолетници средношколци, со што се прекршувани меѓународни декларации.

Од комисијата појаснуваат дека се работи за вербален деликт, а некои од учениците, станувале предмет на оперативна обработка поради бојкот на часови по македонски јазик започнат заради намалување на часови по албански јазик.

Како што изјави за НОВА членот на Лустрациска Чедо Дамјановски, еден од аргументите што единствено гласал против е фактот што во законот воопшто не се опфатени наредбодавателите, туку само три категории: соработници, информативни врски и оперативци.

Еден од соработниците е поранешен носител на јавна функција, професор на Педагошкиот факултет во Битола и долгогодишен секретар на Друштвото за наука. Тој бил евидентиран за соработник на поранешните тајни служби под псевдоним „Мисирков“, а во 80-тите години ги кршел човековите права и слободи од идеолошки и политички причини.

Ги известувал тајните служби за настапи на личности од областа на издавачката дејност, литературата и културата од позиции на македонски и албански национазлизам и сепаратизам.

Вториот соработник кој што беше лустриран денеска е поранешен пратеник и директор на Стоматолошките клиники во Скопје. Тој во 80-тите години бил евидентиран како оперативна врска, а со својата активност ги прекршувал основните човекови права од идеолошки и политички причини на свои блиски соработници и колеги од клиниките.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Шесорица мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

ВЕСТИ November 7, 2025

Шест мигранти се убиени, а четири лица се повредени за време на полициска потера во…

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.