Академикот Томе Серафимовски, разузнавачот Слободан Богоевски, поранешен адвокат и поранешен судија се новите четворица кои денеска се лустрирани, информираа пред малку од Комисијата за верификација на фактите.
Како што информираат за НОВА од Комисијата одлуката била донесена со 8 гласови „за“ и еден „против“, се работи за Чедо Дамјановски, кој перманентно го критикува ваквиот начин на носење на одлуки од страна на лустраторите.
Лустраторите го разгледувале и досето на уште еден академик – писател, но на барање на дел од членовите на Комисјата, одлуката е одложена за следната седница.
Скулпторот Серафимовски, неодамна во интервју за НОВА жестокот ја критикуваше работата на лустраторите, како и на претседателот Томе Аџиев, посебно нивната одлука да биде лустриран писателот Славко Јаневски.
>>Серафимовски: Аџиев не е вреден да го спомнува името на Славко Јаневски
Во моментов, поранешниот директор на УБК, Богоевски се наоѓа во притвор поради финансиски малверзации.
>>Богоевски и адвокатите добија 30 дена притвор
Судот им одреди притвор на Богоевски и адвокатите Васко Томановиќ и Владо Пешликовски заради наводно испрани пари во износ од милион евра – уапсените ги извлекле од фирма од Словенија со измама дека ќе издејствуваат да се раскине договорот на државата со кипарската фирма „Централ Балкан“ за градежно земјиште во околината на спортскиот центар „Борис Трајковски“. Словенците добиле ветување дека ќе го купат земјиштето, иако договорот претходно веќе бил раскинат.