Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лутовац: Излезот од кризата во Србија може да биде преодна влада по моделот на Северна Македонија

0
By Marta Pesevska on February 4, 2024 ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на опозициската Демократската партија (ДС), Зоран Лутовац изјави дека едно од решенијата за политичката криза во Србија би можело да биде формирање на преодна влада, која, според него, е модел кој дал добри резултати и обезбедил фер избори, јави дописникот на МИА од Белград.

-Едно од решенијата за излез од кризата може да биде преодна влада по моделот на Северна Македонија и Црна Гора со посредство на ЕУ. Ова може да биде пат до фер избори, рече Лутовац.

Тој денеска изјави дека конститутивната седница на српскoто Собрание, која е закажана за 6 февруари, „не е стратешко туку тактичко прашање“ и додаде дека бојкотот на таа седница не значи дека таа партија ќе ја бојкотира работата на парламентот.

Лутовац на седницата на Главниот одбор на Демократската партија во Белград рече дека опозицијата нема да ги врати мандатите бидејќи, според неговите зборови, тоа не е целисходно.

-Нема збор за легитимноста на овој режим. Тие беа фатени во кражба. Нам ни пречи и тајмингот на седницата на Собранието. Зошто е закажана за 6 февруари, а на 8 февруари ќе биде донесена резолуцијата на ЕП за изборите во Србија? Идејата е да не стават пред свршен чин, рече Лутовац.

Тој оцени дека резолуцијата не е за „непочитување“ и дека не е „државничко и мудро“ што, како што рече, српскиот претседател Александар Вучиќ така се однесувал кон тој документ на ЕП.

Лутовац изјави дека партијата со која тој претседава нема да преговара со Вучиќ и со претставниците на Српската напредна партија (СНС), бидејќи ДС е „остра и алтернативна опозиција“.

Извор: МИА

Лутовац преодна влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.