Претседателот на Венецуела Николас Мадуро смета дека личи на советскиот лидер Сталин.
-Во светот постојат луѓе кои ме гледаат како карипски Сталин. И навистина личам на него, погледнете ми го профилот, изјави Мадуро у телевизиска емисија.
Весникот „Венецуела ал диа“ објаснува дека венецуелскиот претседател и претходно збрувал за сличностите со Сталин, пред се поради мустаќите.
Мадуро рече дека и светските лидери кои го критикуваат користат многу поостри мерки во своите земји, отколку што е случајот со Венецуела.
-Премиерот на Шпанија Рахој распореди полицајци во Kаталонија за да приведат 700 градоначалници. Дали тој се однесува како диктатор?, вели Мадуро.
Венецуела со месеци ја потресува длабока политика и економска криза. Оваа земја е поделена меѓу приврзаниците на Мадуро и либералната опозиција која бара вонредни претседателски избори и организира протести.