Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Магазинот „Тајмс“ ги избра Џо Бајден и Камала Харис за личност на 2020 година

0
By Нова ТВ on December 11, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Магазинот „Tајмс” синоќа ги избра новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и новоизбраната потпретседателка Камала Харис за личност на годината, јавува ДПА.

„За промена на американската приказна, за покажување дека силите на емпатија се поголеми од гневот на поделбата, за споделување визија за заздравување во тажниот свет, Џо Бајден и Камала Харис се личност на годината на „Тајмс” за 2020 година”, се наведува во изјавата на главниот уредник на списанието Едвард Фелсентал.

Бајден и Харис победија на претседателските избори на 3 ноември, откако водеа претпазлива, но, сепак, фокусирана кампања, ветувајќи дека ќе ја обединат земјата, ќе го прекинат хаосот на Доналд Трамп и дека ќе се зафатат со борбата со пандемијата на коронавирусот, што драматично се расшири низ целата земја.

Бајден (77) поголемиот дел од својот живот го помина работејќи во Вашингтон и служејќи како потпретседател на Барак Обама, додека Харис е првата Афроамериканка, првата жена и првата личност од азиско потекло што ќе биде заменик претседател на САД.

Во потесниот список на кандидати за наградата, додава ДПА, што беше претставен минатиот четвртокот, покрај Бајден се најдоа и актуелниот претседател Доналд Трамп, здравствените работници, врвниот американски специјалист за инфективни болести Ентони Фаучи и Движењето за расна правда.

Личност на годината на „Тајмс” за 2019 година беше шведската активистка за климата, младата Грета Тунберг.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.