Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Магор го издаде новиот роман на Илхами Емин

0
By on April 4, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утревечер, во кафе-книжарницата Магор ќе се одржи промоцијата на книгата „Ѕид што оди“ од Илхами Емин. Книгата ја објави издавачката куќа Магор, а промотор на изданието ќе биде професорот Ферид Мухиќ.

„Романот Ѕид што оди, на истакнатиот современ поет, писател, публицист и преведувач Илхами Емин, е роман за човекот што ја бара онаа интегративна единствена духовна парадигма – розата што ќе ги обедини и на хармоничен начин ќе ги изрази сите благородни и возвишени трагања по највисоката вистина. Во неговото досегашно творештво, пред сè, во поезијата, розата е нагласено зачестен симбол од централно интерпретативно значење.

Во овој роман, најавен со историски автентичната воведна епизода опишана во овој текст, Илхами Емин продолжува да ја раскажува сагата за вечното барање на онаа највисока универзална вистина низ која се изразуваат и во која се помируваат сите парцијални вистини. Олицетворена во ликот на Јурук Осман, приказната тече низ еден исклучително силен автентичен говор, поправо, вистински порој што не запира ниту пресушува, како што навистина течат и нашите мисли – без точка! Оти точката е само интерпункциски знак со кој му даваме време на собеседникот да се соземе, да разбере што му зборуваме.

Но кога сме сами со своите мисли, тогаш таа река не запира, а точката станува одвишна..“, напиша во предговорот за романот, професорот Мухиќ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.