НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мајка обвинува – болницата фалсификувала документи по смртта на синот

0
By Менче Атанасова Точи on April 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За Марија Трповска се уште е мистерија од што пред 4 години починал нејзиниот син Влатко во Градската хируршка болница „Св. Наум Охридски“и кој и зошто во болницата фалсификувал документи за кои ОЈО води истрага.

И по четири години семејството на 25 годишниот Влатко Трпевски не знае точно од што почина нивниот син доцна вечерта на 17 август 2014 година во Градската хируршка болница„Св Наум Охридски“. Неговото семејство тврди дека се уште не знаат која е точната причина за смртта, со оглед на околностите под кои починал и медицинските документи за кои велат дека отвараат многу сомнежи. Неговата мајка Марија Трпевска, обвинува за многу нејаснотии тој ден кога престојувал во болницата и како што вели,  фалсификувани документи од страна на болницата.

Марија вели дека четири години се обидува да отвори многу врати за да се расветли случајот. Пред една година во Основното јавно обвинителсто да даде исказ бил повикан само нејзиниот сопруг Аце Трпевски, така што не знаат ниту до каде е истрагата, ниту дали ќе биде покренато обвинение.

„Тешко е да се живее без дете, ама и со еден куп лажни документи. Четири години јас не знам од што беше болно детето, од што го примија, од што го оперираа, од што почина. Немаме никаков одговор, се во овие документи е фалсификувано“, низ солзи раскажува Марија Трпвеска, мајка на починатиот Влатко Трпевски.

Марија се потсетува на тие моменти, кога со силни болки во стомакот и неможност да мокри го однеле во Градската болница во предпладневните часови, по што бил задржан на одделението за урологија под сомнение дека има камен во бешиката. Подоцна кога се онесвестил и болките не престанувале Влатко бил префрлен на интензивна нега, по што родителите веќе не го виделе. Марија вели дека во времето меѓу 15 и 30 и 19 и 30 часот додека престојувал на урологија, по што бил однесен на операција, не знаеле што се случувало со него. Обвинува дека многу време се изгубило во  чекање да дојде васкуларен хирург кој во болницата го немало,  иако тие барале да им го дадат за да го однесат во друга болница. Нејзиниот син починал за време на операцијата.

„Васкуларниот хирург дојде дури во 19 и 30 часот, со мантилот во рака. Не знам зошто моравме цел ден да чекаме со болки кога немало лекар, не знам зошто не ми дадоа да го однесам во друга боница. Во 23 и 30 не викнаа, мене ми ставија инјекција, ми мереа притисок  по што ни соопштија дека искрварил за време на операција“, во плач раскажува Марија Трпевска.

Шокирани од ненадејната смрт на нивниот син, за кој велат дека никогаш од ништо не боледувал, збунети семејството Трпевски не ни претпоставувале каква голгота ги очекува утредента кога отишле да си го земат телото од обдукција. Телото на нивниот син го немало на Институтот за патологија каде што мислеле дека е однесено. По подолга потрага еден од вработените од таму се јавил во болницата и дознал дека телото го чуваат во Градската хируршка болница. Марија вели дека телото било оставено да стои повеќе од 15 часа во некоја подрумска просторија.

„ Телото го баравме на Патологија мислевме дека е пратено на обдукција. Од таму се јавија во болницата и ни кажаа дека го чуваат во Градска болница. Замислете на 40 степени тие го чувале во подрумска просторија 15 и пол часа. Не му прижија медицинска помош како што треба, а и со телото не постапија достоинствено“,  раскажува Марија, мајка на починатиот Влатко.

Откако дознале каде е телото нешто после 14 часот на 18 август, нејзиниот сопруг во шок, кој под дејство на седативи направил и сообраќајка возејќи во спротивен правец дошол во болницата да си го подигне телото на синот . Марија вели дека кога некако стигнал во болницата му бил даден лист хартија да се потпишат, тој и таткото на сопругата на Влатко дека не сакаат да се прави обдукција. Но, на документот на кој се потпишале стои датумот 17 август. Марија тврди дека тоа е класичен фалсификат бидејќи татакото на нивната снаа воопшто не бил во државата на 17 август, туку во Шведска. Во државата стигнал на 18 август на пладне. Како доказ, таа покажа копија од неговиот пасош.

„ Како прво, сватот не е најтесното семејство, како можело од него да бараат да се потпише. Јас бев таму, јас сум мајка од мене требало да бараат да се потпишам. А, она што е најважно, тој не можел да се потпише на 17 август кога воопшто не бил во државата, бил во Шведска, утредента дури стигна тука“ , објасни Марија и покажа копија од неговиот пасош.

Семејството Трпевски не се задоволни од одговорот на тогашната директорка на болницата Јасмина Чабуковска, не им веруваат на документите во кои тврдат дека има многу нелогичности, неточни и фалсификувани податоци. За нив е мистерија зошто на извештајот за смртта чекале повеќе од два месеци. Тие бараат одговор што правеле со нејзинот син во времето додека чекале да дојде васкуларен хирург, дали му е пружена адекватна помош бидејќи медицински документ за тоа не постои.

НОВА пред четири години ја објави сторијата и кога ја контактиравме тогашната директорка Чабуковска,  таа рече дека обдукција не е направена на инсистирање на родителите.

„Јас лично сум сведок дека по смртта, таткото и дедото потпишаа телото да им предадено без обдукција. Имам право на заштита на лични податоци и не мора да ви кажам од што почина пациентот. Доколку семејството смета дека нешто не им се допаѓа , не им се ускратени правните механизми, постои суд, може да побараат правна разрешница и нема потреба овој случај медиумски да се покрива“, изјави тогаш видно вознемирена и со висок тон, Чабуковска.

Од друга страна, пак во Институтот за судска медицина ни објаснија дека  во вакви случаи не се прашува семејството бидејќи судско медицинската обдукција е задолжителна. Оваа го налагаат меѓународни стандарди и нашата законската регулатива. Според процедурата болницата била должна да го извести јавниот обвинител или дневниот оперативен центар во МВР, во спротивно тоа е прикривање на кривично дело.

„Не ми е познат случајот, но можам да кажам дека, кога смртта не е јасна и настапила во текот на терапевтска или дијагностичка интервенција, судско медицинска обдукција е задолжителна“, изјави  тогаш за НОВА Алексеј Дума, кој беше директор на Институтот за судска медицина.

И екс министерот за здравство Никола Тодоров формира комисија, а во одговорот до семејството стои дека лекарите направиле се како што треба.

Тој изјави дека семејството потпишало дека не сака обдукција, но не го спомна фактот  со датумот за кој семејството тврди дека е фалсификат, а за тоа покажаа и доказ. Марија вели и самиот одговор од Министерството има нелогочности.

„ Во документот стои дека Тодоров формирал комисија на 6.10. 2013 година, значи една година пред смртта на син ми. Не е една грешка, на сите документи има или грешки или фалсификувани податоци“, рече Трпевска.

Марија вели дека е свесна дека синот нема никогаш да и се врати, но бара случајот да има правна разреница и бара Обвинитеството да преземе се како што треба. Од министерот за здравство Венко Филипче бараат повторно да се преиспита целокупната документација од Градската хируршка болница, а особено извештајот за смртта на кој чекале два месеци.

НОВА го контактираше ОЈО и од таму ни одговорија дека се преземаат мерки по два предмета„Злоупотреба на службена положба“ и „Фалсификување на службена исправа“.

„ Се води предистражна постапка и се преземаат дејствија“, се вели во одговорот од ОЈО.

Се додека не се расчисти случајот, за семејството Трпевски смртта на нивниот син 25 годишен син Влатко и околностите околу тоа ќе останат обвиткани во мистерија, со многу нејаснотии и сомнежи. Влатко Трпевски зад себе остави сопруга и три мали деца.

Видео со сторијата за смртта на Влатко Трпевски пред четири години:

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.