Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мајките на породилно на протест во четврток,за Шахпаска беспредметно е продолженото отсуство

0
By Нова ТВ on September 15, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Мајките кои се на породилно отсуство во четрток на 17 септември во 17 и 30 часот најавија протест пред Владата бидејќи, како што велат, стотици деца се одбиени од градинка заради новите протоколи. Тие бараат да се продолжи рокот за породилно отсуство до крајот на годината.
„Согласно вчерашната донесена одлука која не става пред свршен чин бидејки стотици деца се одбиени од градинките заради новите протоколи, заради краткиот рок што не ни дозволува и на тие што се примени да го пројдат задолжителниот педиод на адаптација и најважно од се илјадници деца со чиј живот не би експериментирале најавуваме протест на 17.09.2020 година почнувајки од 17:30 часот пред Владата на Република Северна Македонија.
Нашето барање е едно и едноставно – да се продолжи породилното отсуство до 31.12.2020 година, барање кое го потпишаа скоро 3000 мајки на онлајн петицијата која ја покренавме“, велат во соопштението.
Мајките кои се на породилно отсуство велат дека во време кога Светската здравствена организација предупредува за нов есенски бран на заразени од Ковид – 19, кога прогнозира за зголемување на бројката на заразени и смртни случаеви Владата на Република Северна Македонија носи скандалозна, непромислена одлука да го укине продолженото породилно отсуство ризикувајки го здравјето и животот на најмалите, најкревките, оние со неоформен имунитет – бебињата.
„И покрај предлогот на Комисијата за заразни болести породилното отсуство да биде продолжено и покрај секојдневните апели на познати наши педијатри и неонатолози дека отварањето на градинките би било катастрофален потег, и покрај искуствата на многу земји каде бројот после отварање на градинките и школите драстично порасна, нашата Влада нема слух за истото и со оваа одлука докажа дека здравјето на нашите деца не е нивен приоритет, докажа дека нашите деца се експериментални глувци за нив.
Ние, мајките на породилно отсуство, мудро молчевме и се надевавме дека Владата ке донесе разумна одлука за продолжување на породилното отсуство но истата ја изневери нашата доверба“, “, велат мајките кои се потпишале на петицијата.
Од друга страна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска тврди дека беспредметно е останувањето дома на родителите на деца од предучилишна возраст и родилките по отворањето на градинките.

„Со вчерашната одлука на Владата родителите на деца до 6 години се враќаат на работа на 23 септември. На 9 септември почнаа да работаат градинките и Центрите за ран детски развој. Тие почнаа да работаат согласно протокол, кој јасно ги дефинира условите за безбеден престој на децата во градинките и кој го сведува ризикот од зараза од Ковид-19 на минимум“, вели министерката Шахпаска.

Таа соопшти дека анализите што ги има направено Министерството за труд и социјална политика до 2 септември, говорат дека има простор за сместување на 19.000 деца, а интерес за сместување пројавиле 14.555. Во градинките уште на самиот почеток имало слободни 4.500 места.

„Приоритет имаа деца на самохраните родители и оние чии двајца родители се вработени. Оттука, потребата на овие родители да не одат на работа по отворањето на градинките е беспредметна. И затоа Владата јасно ја дефинираше одлуката вчера, дека родителите на овие деца треба да се вратат на работа“, нагласи министерката.

Таа рече дека информациите кои дневно ги добиваат од градинките, говорат дека, дел од родителите не ги носат децата во градинка, иако ги запишале.

„Нашите сознанија говорат дека капацитетот на градинките не е исполнет и оти има простор за сместување на дополнителен број деца“, нагласи Шахпаска.

Министерката смета дека продолженото породилно боледување ја губи смислата со отворањето на градинките.

„Тие родители ги чуваа своите дечиња затоа што градинките не функционираа. Оттука на вчерашната владина седница беше донесена одлука родилките коишто подолго од законски предвидениот рок за породилно боледување останале дома да се вратат на работа“, вели Шахпаска.

Таа нагласи дека државата мора да функционира и системот мора да работи, а според процените на здравствените власти, најмалку ризична група се децата и тие треба да се вратат во градинка.

Министерката потенцира дека Владата ја следи состојбата, а во Министерството за труд и социјална политика е формирана Комисија составена од вработени за детска заштита, но и инспектори, кои одат на терен и ја следат состојбата во градините, во однос на тоа дали се почитуваат протоколите за заштита.

Појавата на вирусот Ковид-19 во неколку предучилишните установи, според министерката Шахпаска, се инцидентни случаи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.