Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Мајсторот и Маргарита“ во МНТ: Доброто, злото, љубовта – фантастика, сатира

0
By Нова ТВ on December 9, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор на текстот: Лилјана Мазова

“Мајсторот и Маргарита” во Македонскиот народен театар – Скопје е тотален театар на кој безусловно му се верува, се почитува, се мисли, трае и откако изведбата ќе заврши, иако со него сте поминале нешто помалку од пет часа. Доказ е дека времетраењето на една претстава никогаш не е мерило за квалитетот. Ова е добра, испланирана и одиграна претставата. Претстава/театар низ која/кој паралелно течат барем три приказни. Театар кој режисерот Иван Поповски го создал со многу умешност и заложба/енергија/посветеност, со максимална вплетеност/чувствителност на сите што се во него (и на целиот МНТ), објавува магазинот Глобус.

Се гледа/случува како театарски спектакл низ приказната за љубовта и светлината кои ги поматуваат доброто и злото, измамите, лудилото на времето и поединецот во него, со нови и нови сценски ефекти, со одлично светло и одличен вкупен дизајн, моќна музика, кореографија. Се игра низ речиси целиот салон: сцената, просцениумот, гледалиштето. ложите, балконите. Доминантни се режијата, актерската игра, извонредно осмисленото светло/дизајн, мешањето на жанровите.

Од друга страна претставата е театар што носи радост и верба. Умен е на секое ниво, со многу состојби, временски вистини, фантазии, со прашања кои извираат од вистините на/во човековиот живот – Што ќе прави твоето добро, ако злото не постоеше и како би изгледала земјата ако исчезнат сенките од неа? Или – А магијата, се знае, кога еднаш ќе започне, не може да запре. Или – ….

Доминатна е и тезата на Булгаков, на режисерот Иван Поповски и на актерите во креирањето на ликовите дека сите ние сме добри луѓе и сите се добри луѓе, и сите се раѓаме добри. А потоа – окружувањето, општеството, животот … создаваат од нас и чудовиште. Ама – победува висинската желба/љубовта.

Иван Поповски, и како драматург и како режисер, ги разработил ликовите, сцените, ситуациите и времето на начин, како и кај Булгаков, сите, односно секој да е учесник во човековата, односно наша судбина. Така ја води целата претстава, таков е во работата со актерите во секој лик. А во изведбата најмногу се актерите – околу шеесетина – од МНТ, студенти, гости.

Лукавството на дојденецот/странецот (во Москва или било каде), сотоната Воланд кој доаѓа со својата свита, го разобличува неморалот и корупцијата на тоа/ова општество, Никола Ристановски го игра низ тивка, суптилна игра, мајсторски лежерно. Вечната љубов на Мајсторот во интерпретација на одличниот Дејан Лилиќ е тивко, болно и до лудило доведено разоткривање на човекот и неговата бесмртна љубов. За Драгана Костадиновска ликот на Маргарита е тешка актерска задача, на места “по пат” се губи и му ја влече (ама не успева) моќноста на Лилиќ.

Одличен е и Јордан Симонов како Понтиј Пилат што тоју го создава/игра со силни/точни назнаки. Моќни се и ликови на Оливер Митковски (Коровјев), на Сашко Коцев (Бездомни), Петар Мирчевски (Бехемот), на Емил Рубен (докторот Стравински), на Ѓорѓи Јолевски како Азазело низ одличниот пристапот да се прикаже моќта на лудилото. Обмислено одигрни се и ликови на Катина Иванова, Кирил Коруновски, Нино Леви, Снежана Конеска-Руси, Томе Витанов, Софија Настевска-Трифуновска, Лазе Манасков, Стефан Вујисиќ, Ивица Димитријевиќ, Трајче Ѓоргиев, Никола Ацевски, Александар Микиќ, Стојна Костовска, Ана Стојановска, Александар Џуровски…

Во групниот портрет на претставата голема важност имаат и другите актери/учесници и студенти по глума на двете скопски академии – ФДУ и ЕСРА. Секој секому верува, секој секому му ја “подава” вистината на ликот или ликовите кои само така, заедно, функционираат во сложениот и моќно замислен и реализиран театар – “Мајсторот и Маргарита” на Иван Поповски.

Претставата има уште една силна страна: актерите речиси бес грешка говорат чисто, без сленгови, со точни акцентски целини. Мора да се признае дека токму ваков чист јазик с? поретко се слуша во македонскиот театар. А ова е доказ, ако се реши дека така треба да се говори – и се говори. Како што целата изведба за главна цел ги има љубовта и светлината. И потребата тие да бидат оние кои ќе не насочат да бидеме добри луѓе, наспроти злото во луѓето, а не во ѓаволот. Без разлика како тој се именува или олицетворува во поединец.

Добар театар е “Мајсторот и Маргарита” на Македонскиот народен театар. Треба да се одгледа, да се биде дел од моќноста на изведбата. Тој е и насока/пример по кој треба и во иднина да се создава неговиот репертоар. Ова е тоа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.