Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макамтранс: Транспортерите чекаат до четири часа на границата од српска страна

0
By Нова ТВ on September 13, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Транспортери чекаат три до четири часа на ГП  Табановце – Прешево на српска страна и покрај тоа што на крајот на минатиот месец беше воведено заедничко гранично управување. Последните информации на Асоцијацијата на камионски транспортери  „Макамтранс“ се дека српската страна го надминала судскиот проблем во однос на користењето на терминалот, а за забрзување на протокот се очекува да помогнат и раководствата на двете царини, информира денеска Билјана Муратовска, претседател на „Макамтранс“.

Муратовска рече дека добиле информација оти по надминување на проблемот Србија ќе почне забрзано да ги подготвува сите работи за да се воспостави и втора лента и да се користи  и паркинг просторот.

– Ќе треба малку да почекаме затоа што веќе две години заради тој проблем откако беше најавена новината остана нерешeн и со  воведувањето веќе и српската страна има притисок за да ги надмине проблемите, рече Муратовска, одговарајќи на новинарски прашања пред конференцијата за транспорт, во организација на „Макамтранс“.

Таа добила ветување од директорот на Царината Ѓоко Танаскоски дека на средба со неговиот српски колега ќе побара да се воспостави приоритетна лента за проток на свежа стока, односно се што има на македонска да важи и на српска страна за да се забрза протокот.

– Транспортерите сега се малку нервозни, но сметам дека ова е единствениот начин да се забрзаат  работите и да се одобрат условите, рече Муратовска.

Преку ГП Табановце лани поминале околу 200.000 камиони, што е една четвртина од вкупниот промет на товарни возила. Се очекува, како што беше најавено на стартот на заедничкото гранично управување, бројката годинава да се зголеми за 30 проценти и да достигне 260.000. Проценките на властите и бизнис асоцијациите се дека со проектот „One stop shop“ превозниците ќе имаат заштеда од околу осум милиони евра на годишно ниво.

На конференцијата  беше презентирана електронска апликација на Макамтранс на којашто превозниците можатанонимно да пријават случаи на корупција на граничните премини и низ патиштата, како и движења на мигранти и случаи на нивно присуство во возила. Информациите од апликацијата ќе бидат доставени до Координативниот центар за гранично управување, којшто ќе ги алармира останатите надлежни институции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.