Во следните два дена, македонските граѓани да ги избегнуваат особено оние квартови на Истанбул и на останатите турски градови каде што се одвиваат демонстрации, препорачува Генералниот конзулат на Македонија во Турција.
Македонскиот Конзулат во Истанбул е во непосредна близина на плоштадот Таксим, централниот дел на анти-владините демонстрации.
На првиот ден од протестите во Истанбул било оштетено и едно македонско дипломатско возило.
Во Турција живеат и работат македонски државјани, но за сега никој од нив не го контактирал конзулатот со барање за било каква помош.