Дваесет и осум годишен Mакедонец исчезнал во областа Бенкстоун, во Сиднеј, Австралија, пишува австралиското издание на „Дејли Телеграф“. Според весникот, станува збор за младиот Николче Велјановски, кој последен пат бил виден пред два дена на локацијата Алума, Јагуна (Alluma, Yagoona).
Австралиската полиција била информирана и веднаш почнала потрага по младиот Македонец, опишан како момче со црвена коса и сини очи.
„Дејли Телеграф“ објави повик за помош во потрагата.