Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонец кој живее до зона на карантин во Италија: Маркетите се празни, нема заштитни маски

0
By Менче Атанасова Точи on February 25, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Италија веќе има 7 починати и 283 заразени од коронавирус. Македонецот, Марјан Атанасов кој живее до зона со карантин, на скоро 20 километри каде што беа откриени првите заразени случа за НОВА раскажува дека маркетите се празни, граѓаните во паника прават залихи со храна, а нема ниту заштитни маски

Потврден е прв случај на коронавирус во Тоскана, во Фиренца и наверојатно уште еден случај во Пистоја за кој се чекаат резултатите, објавија италијанските медиуми. Ноќеска тестот  го открил присуството на коронавирусот Ковид -19 кај нив. Во Италија веќе има  283 заразени и 7 починати.

Заболениот, претприемач од Фиренца се вратил од Источна Азија на почетокот на јануари и се прават обиди да се открие дали би можел да биде заразен во Италија од вработен, кој бил болен пред неколку недели. Лицето заразено во Пистоја, 49-годишен компјутерски инжењер е во доброволна изолација и тој штотуку ќе се вратил од Кодогна.

Патничката од Бергамо која е на годишен одмор во Палермо и е позитивна на коронавирусот синоќа е примена во болницата во Цервело, откако покажала симптоми на грип. Карантин е спроведен и за групата пријатели на жената и за луѓето кои биле во близок контакт со туристите. Ова е прв случај на коронавирус пронајден во Јужна Италија.

Италија стана ново жариште на коронавирус и тоа во Европа.

Заболените има од различни региони на Италија како што е Ломбардија (Милано), Венето (Венеција), Емилија Ромања (Болоња), Пиемонте (Торино) и Лацио (Рим). Во северниот дел на Италија, во 11 региони веќе се забранети сите јавни манифестации, фудбалски утакмици, посети на музеи, саемски и модни презентации, карневалот во Венеција, школски ескурзии , собирања на повеќе луѓе, се тоа на неодредено време. Околу 50 000 луѓе кои живеат во 10 села во јужна Ломбардија  не смеат да излегуваат од регионот на карантин.

Македонецот, Марјан Атанасов кој долги години живее и работи во Италија за НОВА раскажува дека во зоната на карантин задолжително функционираат супермаркетите заради снабдување со храна и аптеките, а сите останати дејности се затворени. На граѓаните им е соопштено,  доколку немаат потреба, да не излегуваат од своите домови  и да не се изложуваат на евентуална опасност од можна зараза.

Марјан Атанасов, кој живее во Пјаченца

Тој живее во пограничната зона со карантин, на скоро 20 километри каде што беа откриени првите заразени случаи. Вели дека само реката По го дели регионот на Емилија Ромања со Ломбардија. Атанасов објаснува дека маркетите и помалите продавници се испразнети, граѓаните во паника прават залихи со храна.

„Јас живеам во пограничната зона со карантин и одам на работа,  нормално следејќи ги инструкциите на локалните власти и немам ништо со мене како заштита. Населението е загрижено, се  прават резерви на храна и други домашни потреби, испразнети се сите продавници со тестенини, сосови, конзерви на грав, леќа, боранија, маслиново масло, брашно, шеќер, вода, месо и сувомеснати производи“, вели Атанасов за НОВА.

Празни рафтови во продавниците во Пјаченца

Тој објаснува дека привремено се затворени сите училишта и градинки,  никој не смее да влезе или излезе од зоната на карантин, дека има блокади од војската иполицијата во придружба со амбулантни возила и медицински персонал во три смени.

„Но, нема доволно заштитни маски и ракавици за населението, луѓето немаат ниту  за еднократна употреба, не пак да имаат и резерва. Тоа се специјални маски за заштита со јаглен, за може да се дише со нив нормално“, вели Атанасов.

Во меѓувреме, хотел во Тенерифе на Канарските острови во Шпанија е затворен откако еден италијански лекар кој престојувал таму бил позитивен на тестот за коронавирус. Докторот, наводно, е од регионот на Ломбардија, каде што италијанските власти се борат со појавата на коронавирусот.

На стотици гости во хотелот со четири звезди им било соопштено да не излегуваат од своите соби бидејќи се вршат медицински тестови, а хотелот е биде изолиран се додека здравствените власти не го соопштат тоа, јавуваат шпанските медиуми.

Во исто време, кога во светот беснее опасниот вирус и кога секоја информација е драгоцена, кога мора да има брз проток на информации во Македонија од денска е мрак, операторите ги исклучија сите домашни и странски канали.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.