Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија доби рок енциклопедија, промовиран првиот том

0
By Нова ТВ on May 9, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Промовирана Македонска рок енциклопедија (1963-2018) – Прв том, чиј приредувач е Тошо Филиповски.

На неа интензивно е работено во изминатава половина декада.

Оваа пионерска објава е издание на „Corpus Delicti Records“ и содржи податоци за 333 македонски групи и артисти од различни музички жанрови, повеќе од 400 фотографии и прецизни податоци за нивните снимки, изданија и концерти.

Македонската рок енциклопедија не е само книга во која, налик на сличните објави во светот, е направен обид да се сублимира сето она што е изблик на младешкиот бунт и креативност во одреден временски период на еден даден простор. Во случајов од некаде таму раните 1960, па се до денешни дни. Од првите пребирања по гитарските жици во надеж да се симнат бит хитовите емитувани на тогаш омиленото Радио Луксембург како единствена лектира и се до денес, кога стигматизираниот рокенрол реално израсна во бастион пред атаците на турбоизираната свест, нуспродуктот на овдешното поимање на демократијата и разнебитувањето на било каквите вредности.

Затоа Енциклопедијата, чиј приредувач е Тошо Филиповски, за која некои ќе кажат дека е „капитално дело“, „историски потег“…бла, бла, бла… многу поумесно би било да ја толкуваме како вистински, неоходен „документ за младешката (суб)култура во Македонија на прекршувањето на вековите“.

Како сведоштво на ентузијазмот на генерациите израснати на градскиот асфалт. На нивниот презир кон постојното. На инаетот да бидат свои и да ја канализираат младешката енергија во плодотворни цели кои во многу нешта ги надраснуваат музичките рамки. Независно дали во фокусот биле бит музиката, рокенролот, џезот, блузот…панкот, хеви-метал баражите, хип-хопот, електрониката, ска и пост-панкот, регето, њу-вејвот, дарк звуците, експерименталните проблесоци…Дали притоа сето тоа било зачинето со нашето генетско ритмички неправилно пулсирање на крвта во жилите. Или можеби од силната, незгаслива потреба да се биде вистински свој. Поинаков. Оригинален во океанот на вкрстувања од познатото. Онаков, кон каков што несомнено тежнееле БИС-БЕЗ, ЛЕБ И СОЛ, ТРИАНГЛ, КОНКОРД, МИЗАР, АРХАНГЕЛ, ДЕН ЗА ДЕН, АНАСТАСИЈА, БАСТИОН, ЛАСТ ЕКПЕДИШН, ЧИСТА ОКОЛИНА, С.А.Ф …ФОЛТИН, БЛА БЛА БЛА и БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА.

Тротомната книга која е плод исклучиво на ентузијазмот и инаетот на еден таков вљубеник, во случајов Филиповски, панкер по животна определба, наместо очекувано четиво полно со факти за раѓањето и растот на сцената, за оние кои сосема малку или многу, многу повеќе оставиле трага на неа, се престорува во субверзивна книга која ќе биде трн во окото на оние од власта кои и не милуваат да ја делат „славата“ на локалново буниште со некои таму „отпадници“.

Како пионерски потег оваа урбана библија несомнено е дека ќе мора да ги прележи и детските болести. Во неа веројатно ќе има „неопростиви“ грешки, погрешни „години“, „заборавени“ бендови и поединци…и така во недоглед. Можеби ќе се фрла и со дрвја и со камења кон нејзиниот потписник кој имаше големи топки и исправен рбет да го истурка проектот кој живееше одамна како идеја, но кој не се обистини од мал милион причини. Што реални, што насетувани.

Но, Македонската рок енциклопедија (веруваме) не е замислена како затворена книга. Напротив таа неминовно го бара честото проветрување, проверување на еднаш запишаното, наново визуелизирање… Нејзиното допишување не е само обврска на авторот, туку пред се и над се на генерациите кои со сета своја енергија допрва ќе ја имаат мисијата да го бранат урбаниот начин на живеење во срединава во која непрестајно завиваат трубите на турбо-телалите и нивната незгаслива потреба да си ја мерат самобендисаноста. И, глупоста – се разбира.

Конечно Македонската рок енциклопедија е куршум испукан во срцевината на убедувањето дека сме тиква без корен. Таа повеќе од многу самонаречени дела е изблик за нашиот идентитет овде и сега и за нашата опстојба на оваа толку значајна и примамлива раскрсница на стрвниците. За нашето поимање на светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Книга – мост кој води до нашето обично јас. И, се разбира, до другите со иста или слична емоција и размисла. Планетарно.

Македонска рок енциклопедија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.