Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија е 29-та во светот по извоз на вино и втора во регионот

0
By Sashko on August 23, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во текот на изминатата 2021 година, македонските винарии извезле вино во вредност од 61,4 милиони долари, што е зголемување од 19,1 отсто во споредба со претходната 2020 година.

Виното е еден од ретките извозни производи со кои Македонија како извозник котира повисоко на светските извозни ранг листи.

Така, според последното рангирање на Worldtopexports, Македонија лани била 29-ти најголем извозник на вина во светот.

Во регионот, пак, Македонија е еден од лидерите според вредноста на извезеното вино, односно втор најголем извозник по Грција. Грција со извоз од 100 милиони долари минатата година е рангирана на 25 место на листата на најголеми извозници на вино во светот.

Податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека македонските вина најмногу се извезуваат во земјите од регионот, но во последните неколку години има успешни обиди за извоз на вино и во други земји во Западна Европа и во Кина.

Најголем извоз на вино традиционално веќе со години наназад имаме во Србија. Минатата година во Србија биле продадени македонски вина во вредност од 14,8 милиони долари. Втор најголем извозен пазар за македонските вина е Германија, каде е извезено вино во вредност од 9,8 милиони долари.

Следат Хрватска со извоз од 9,6 милиони долари минатата година, БиХ со извоз вреден 4,4 милиони долари и Бугарија со извоз од 3,5 милиони долари.
Кина лани била седми најголем извозен пазар за македонските вина со извоз од над 1,9 милиони евра.

Лани на десет пазари имало извоз на македонски вина поголем од 1 милион долари и на овие пазари е реализиран скоро 90 отсто од вкупниот извоз на вина.

Македонската винска индустрија е една од ретките нето извозни индустрии во земјава, бидејќи и суровините кои ги користи за производство се речиси во целост домашни.

Според податоците од Асоцијацијата Wines of Macedonia над 85 отсто од вкупно произведеното вино се извезува на близу 40 странски пазари, а 15 отсто се продава на домашниот пазар. Околу 50 отсто од произведените македонски вина се извезуваат во шишиња, додека останатото се продава на странските пазари како наливно вино. Најголеми извозни пазари за флаширано вино се земјите од регионот, додека најголем дел од наливното вино се извезува во Германија.

Винската индустрија во Македонија е високо фрагментирана и во неа работат  74 регистрирани винарии, од кои околу 90 отсто се со капацитет помал од 5 милиони литри, а само четири се поголеми винарии со капацитет помеѓу 15 и 50 милиони литри. Најголема винарија и најголем извозник на вино од земјава е винаријата Тиквеш.

Извор: izvoz.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.