Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија, ЕУ и бугарското вето: Компромисното решение со Бугарија е на маргините на чудо

0
By Соња Крамарска on June 17, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политичкиот аналитичар Сефер Селими е првиот од неколку соговорници на НоваТВ, од кои во пресрет на јунскиот состанок на Европскиот совет побаравме став дали во случај на уште еден неуспех да почнат преговорите со ЕУ, Македонија треба да ги продолжи разговорите со Бугарија или да дигне раце од нив како што заговараат високи политички кругови во Скопје.

Сега кога можното компромисно решение со Бугарија за јунскиот самит на Европскиот совет е на маргините на чудо, дилемите како да се продолжи понатаму и дали дијалогот има смисла за да се најде решение се сосема легитимни. Парадоксално е што држава која тврди дека е пријателска земја и братски народ ја држи во заложништво перспективата за иднината и стабилноста не само на нашата земја, туку и на целиот регион. На почетокот, загриженоста на Бугарија изгледаше легитимна, директно поврзана со недоволната имплементација на Договорот за добрососедство, кој подоцна, преку резолуција во бугарскиот национален парламент, беше оценет како апсурден често дури и за самите Бугари. Сигурен сум дека Бугарија и Бугарите од некоја подалечна временска дистанца оваа акција ќе ја наречат најголема геостратешка грешка во однос на Северна Македонија и Албанија, а особено кон Македонците.

Како понатаму ако ветото остане? Сепак, интеграцијата во Европската Унија е од витално значење за благосостојбата и севкупниот развој на државата, а ние не ја правиме заради некој друг туку за нас самите, за граѓаните. Затоа, и ако од другата страна на масата остане соговорник со апсурдни, ирационални и анахрони барања, дијалогот не треба да се напушти, а уште помалку амбицијата за целосна и брза интеграција во ЕУ. Ова е од многу причини, но главната е што исклучувањето од таквиот дијалог може да создаде вакуум каде идеите на другата страна, колку и да се апсурдни, можат да добијат на тежина и важност во ситуација кога не наидуваат на рационални контрааргументи од оваа страна.

Во меѓувреме, треба да се разгледаат сите опции со 26 други земји-членки на ЕУ кои недвосмислено го поддржуваат почетокот на преговорите за да се воспостават други механизми за одржување и забрзување на процесот на интеграција. Механизмот како што е Дијалогот на високо ниво може да се ажурира и дополни со комплементарни инструменти кои ќе дадат конкретни резултати, проследено со сеопфатна поддршка за целосна трансформација на двете земји, мислам на Северна Македонија и Албанија, вклучително и со сериозна финансиска поддршка, било да е тоа и билатерално, до моментот на решавање на ќорсокакот со Бугарија. Во меѓувреме, како и со другите земји на ЕУ кои ги прекршуваат принципите на Унијата, треба да се пронајдат механизми од страна на Европската комисија за зголемување на притисокот врз Бугарија, како на пример со ограничување на европското финансирање, бидејќи билатерални прашања како што е толкувањето на историјата, кои не се директно поврзани со ЕУ или реформите во процесот на интеграција, не треба да се користат за поткопување на геополитичките и безбедносните интереси на регионот.

Сефер Селими

бугарско вето Европски Совет ЕУ серијал Сефер Селими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.