Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија гласаше ЗА резолуцијата на ООН со која се негира анексијата на Крим

0
By Нова ТВ on March 27, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 100 гласа „за“, 11 „против“ и 58 „воздржани“, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Резолуцијата со која се прогласува за неважечка руската анексија на украинскиот полуостров Крим. Својот глас ЗА овој докумет на ООН го даде и Македонија. Својот глас ЗА оваа резолуција во регионов го дадоа и Хрватска, Словенија, Црна Гора и Албанија. Против се изјасни Србија и Босна и Херцеговина.

Со документот за невалиден се прогласува и референдумот со кој Крим побара отцепување од Украина и припојување кон Русија. Ваквиот резултат се смета за одраз на изолираноста на Русија во меѓународната заедница во поглед на нејзините чекори во Украина.

„Поддршката за Киев доаѓа од сите страни на светот и тоа покажува оти ова не е регионално, туку глобално прашање“, изјави по гласањето украинскиот министер за надворешни работи Андриј Дешчитсија.

Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин побара да се гласа „против“ затоа што со анексијата на Крим се исправила една „историска неправда“ и затоа што „народот на Крим има право на самоопределување“.

Неговата преопорака ја следеа Белорусија, Ерменија, Боливија, Куба, Северна Кореја, Никарагва, Судан, Сирија, Венецуела и Зимбабве кои гласаа „против“ резолуцијата.

Во Советот за безбедност на ОН, каде што како постојана членка има право на вето, официјална Москва не дозволи да помине ваквата резолуција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.