Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија го подобри пристапот до лекови за ретката болест ХАЕ

0
By Менче Атанасова Точи on September 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Македонија има два од вкупно четири лекови кои се регистрани во Европа за луѓето со ХАЕ, ретка болест од која страдаат над 20 пациенти, меѓу кои има две деца, велат во Здружението ХАЕ-Македонија.

Но, проблем се уште е дијагностицирањето на болеста, особено во другите градови во внатрешноста каде што лекарите не ја препознаваат болеста.

„Во помалите места докторите не се доволно обучени да ги препознаат симптомите. Понекогаш се случува пациентите сами да си ги препознаат симптомите и како резултат на тоа последниве години има драматичен пораст на бројот на пациенти од 11 пред пет години на 22 пациенти. Очекуваме тој број постојано да расте“, изјаво Наташа Јовановска Поповска, претседателка на ХАЕ-Македонија.

Хередитарен ангиоедем е болест која се манифестира со отоци на разни делови од телото која може да биде фатална доколку отокот се појави на грлото и поради тоа мора да се земаат лекови. Поповска нагласи дека пациентите со хередитарен ангиоедем во Македонија се дел и од клиничката студија за нови терапии кои се развиваат. 

Во регионот има околу 1000 пациенти со ХАЕ. Подобрен е пристапот до лекови, но има уште многу да се направи рече Хенрих Бале Бојсен, директор на ХАЕ за Југоисточна Европа.

„Македонија споредено со другите земји во регионот направи успех во поглед на пристапот до лекови за овие пациенти. Успеавме да донесеме тука два од регистрираните четири лека во Европа. Здружението успеа да го подобри пристапот до лекови’, изјави  Бојсен.

Здружението за хередитарен ангиоедем ХАЕ Македонија и  ХАЕи овие два дена(петок и сабота) организираат Регионален состанок на земјите од југоисточна Европа за хередитарниот ангиоедем.

Состанокот е поддржан од меѓународната организација на пациенти ХАЕи и ќе учествуваат пациенти, семејства, доктори и истражувачи од земјите во Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Македонија, Романија, Србија, Словенија и Турција.

На состанокот ќе предаваат реномирани предавачи од специјализираниот центар за хередитарен ангиоедем на клиниката во Сан Диего во Соединетите Американски Држави, д-р Брус Зуроу и д-р Сандра Кристиансен , кои со години се бават со проблематиката на хередитарниот ангиоедем, како и домашни експерти кои придонесоа кон подобрување на квалитетот на животот за пациентите со ХАЕ.

Целта на состанокот е да се резимираат сите напори што се направија од минатиот состанок, но исто така и да се изнајдат начини како да се надминат предизвиците со кои се уште се соочуваат пациентите во сите земји од регионот.

Ќе се дискутира за достапните терапии за пациентите на светско ниво, за спецификите на лекување на различните типови ХАЕ, но и за резултатите од клинички студии за нови терапии кои се очекува во следниот период да станат достапни за пациентите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.