Министрите за европски прашања на Европската Унија денеска рекоа „да“ за започнување преговори со Македонија и со Албанија. Датумот за преговорите е дефиниран со формулацијата- што побрзо, затоа што е најавено да се утврди дополнително, по кризата со Корона вирусот.
-Задоволен сум што земјите членки на ЕУ денеска постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија. Им честитам на двете земји, напиша на Твитер еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји. Пораката до Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ.