Со голот на Филип Талевски, Македонија доби изедначен резултат на полувремето во натпреварот со Словенија. Првиот гол за нашата репрезентација го постигна капитенот Кире Лазаров.
Македонските навивачи во „Арена Загреб“ се помалубројни од словенските, но се погласни и достојно ја бодрат нашата репрезентација.
Во текот на целото прво полувреме, Словенија беше во блага предност, но пред самото полувреме Македонија успеа да изедначи.