Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ја бира локалната власт

0
By Нова ТВ on March 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија денеска гласа на шестите по ред локални избори за избор на градоначалници и општински советници. Изборите се во 80 општини и во градот Скопје, има 2.976 гласачки места својот глас, а според избирачкиот список, право на гласа имаат 1.743.403 граѓани, а од од нив, 62.908 се со престој во странство.

Право на глас има секој граѓанин на кој наполнил 18 години и е запишан во избирачкиот список, а идентификацијата се врши со биометриски лична карта или пасош. Правото на гласање е само еднаш, само во свое име и е тајно, а гласачкото ливче не смее да се даде на комисијата или на други лица.

Процедурата на гласање е следна: се добиваат две гласачки ливчиња- со името на кандидатите на градоначалник и на општинските советници,но во Скопје избирачите добиваат четири ливчиња.

Што се однесува до пропишаната излезеност за успех на изборите, потребни се најмалку 33 % од запишаните гласачи во избирачкиот список, додека потребни се 51% од гласовите за избор на градоначалник во првиот круг. За евентуален втор круг не е потребен лимит на процентуалност и доколку до него дојде, гласањето е за 2 недели, односно на 7 април 2013 година.

МВР предупредува дека нема да се толерира никаква узурпација или нарушување на изборниот процес, со објаснување дека Републичкиот оперативен штаб ги завршил сите подготовки за обезбедување мирен, фер и демократски изборен процес. Обезбедувањето опфаќа физичка безбедност на објектите каде се наоѓаат гласачките места и приодот до нив за време на гласањето, физичка безбедност на гласачките материјали и лична безбедност на гласачите, кандидатите, партиски работници или претставници, членови на ИО, акредитирани набљудувачи и воопшто јавноста.

И овие избори имаат домашни и странски монитори- се работи за 8.379 домашни и 410 странски набљудувачи.

И Народниот правобранител годинава ќе биде вклучен во изборниот процес- од кога ќе почне гласањето, па се до затворање на гласачките кутии ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Отворени за граѓаните ќе бидат и сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Kичево, Kуманово, Струмица, Тетово и Штип, за да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Молкот трае се до 19 часот, кога се затвораат гласачките места.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.