Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ќе ја предводи групата за животна средина на Западен Балкан

0
By Нова ТВ on November 17, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Република Македонија од денеска, се до крајот на наредната година ќе ја предводи Регионалната група за заштита на животната средина на Западен Балкан која работи под капата на Регионалниот совет за соработка (RCC), а со која досега претседаваше Србија.

Примопредавањето се случи денеска во Бон каде што се одржа панел на високо ниво на претставници на земјите од Западен Балкан, задолжени за заштита на околината и климатските промени, организиран од RCC и ресорното министерство од Србија.

На панелот е потврдена Декларација за човековата средина и за климатските акции на Западен Балкан, а учесниците се согласија дека во регионот е се поголема потребата да се унапреди координацијата на постоечките регионални иницијативи и проекти, а меѓуресорската соработка да се зацврсти на највисоко политичко ниво кога станува збор за енергетиката и политиката на заштита на животната средина и климатските промени.

Генералниот секретар на RCC Горан Свилановиќ ги потсети учесниците дека „73% од граѓаните на регионот ги гледаат климатските промени како проблем, а 77 % од стопанствениците во ЈиЕ веќе презеле мерки за да се намалат штетните последици на околината“ од страна на нивниот бизнис. Податоците се од Годишното истражување „Балкански барометар 2017“.

На состанокот, како што соопшти RCC, се разговарало и за спроведување на Парискиот договор за климатските промени кој неодамна беше ратификуван од страна на РМ, за придонесот на земјите од Западен Балкан во агендата за заштита на околината, како и за прелиминарните резултатите од „Студијата за климатските промени во регионот на Западен Балкан и нивното влијание врз различни стопански сектори“

Овие резултати покажуваат дека регионот на Балканот во бројни сектори е многу поподложен на климатските промени отколку остатокот од Европа.

Македонија на овој состанок ја претставуваше заменикот министер за заштита на животната средина Јани Макрадули.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

ВЕСТИ October 22, 2025

Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во…

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

October 21, 2025

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.