Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија лизга удолу со слободата на медиумите

0
By Zoran Ivanov on May 2, 2025 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија падна за 6 места, од 36 на 42, во Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници – РСФ и е последна во групата земји каде ситуацијата е „задоволителна“. Во оваа група од регионот се уште само 2 земји, Словенија која напредувала за за 9 места и е 33-та, и Црна Гора погоре за 3 места и е 37-ма, а сите други се во групите со „проблематична“ или „тешка“ состојба. Класификацијата на РСФ опфаќа 180 држави од цел свет.

Норвешка е на прво место и останува единствената земја во светот која ужива „добра“ оценка за сите пет индикатори на Индексот. Таа го задржа своето прво место деветта година по ред, зголемувајќи го водството пред другите земји. Естонија се искачи на второто место, следена од Холандија, која ја престигна Шведска (сега 4-та) во првите три во светот.

Иако физичките напади врз новинарите се највидливото кршење на слободата на медиумите, економскиот притисок е исто така главен, поподмолен проблем. Економскиот показател на Светскиот индекс на слободата на медиумите на РСФ сега е на невидено критично ниско ниво, бидејќи неговиот пад продолжи во 2025 година. Како резултат на тоа, глобалната состојба на слободата на медиумите сега е класифицирана како „тешка ситуација“ за прв пат во историјата на Индексот, вели РСФ, организација со седиште во Париз.

Во општата оценка за Македонија се вели: „Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, широкораширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Исто така, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите“.

Во однос на лани, Македoнија има пад во 3 од 5 индикатори. Најголем пад од 9.07 поени има во политичкиот показател, од 4.19 поени во социјалниот индикатор и од 3.66 поени во економскиот показател, а незначителен пораст во 2 индикатора – 0.25 поени во показателот правна рамка и 0.01 поени во показателот за безбедност.

Во показателот правна рамка се заклучува: „Додека уставот ја гарантира слободата на говорот и забранува цензура, земјата бавно го усогласува законодавството за медиумите со стандардите на Европската унија, на која има намера да ѝ се придружи. Процедурите на SLAPP тужбите служат како инструменти за заплашување и притисок врз независните медиуми. Новиот закон со кој повторно се овластуваат националните и локалните власти да се рекламираат во медиумите во приватна сопственост, ја зголеми загриженоста за можното поврзано ширење на влијание.

Во показателот за безбедност се вели: „Неколку инциденти го намалија чувството за безбедност на новинарите, вклучително и подметнување пожари на нивниот имот и случаи на полициско малтретирање. Од една страна, беше назначен специјален обвинител кој ќе ги води случаите на напади врз новинари во главниот град, а се разгледува и отворањето на слични канцеларии низ целата земја. Од друга страна, новинарите кои известуваат за обвинителите се соочуваат со значителен притисок.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.