НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија меѓу 54-те земји во апсењата на ЦИА

0
By Нова ТВ on February 6, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународната група за човекови права, „Отворено општество“ соопшти учество на 54 странски земји во програмата на ЦИА за приведување и насилно испитување осомничени за тероризам, периодот по нападите на 11 септември 2001 година. Извештајот вклучува 136 жртви на оваа програма, и нивен трансфер преку граници, без законска процедура.

Според извештајот цел на ЦИА било осомничените да бидат сместени во места надвор од досегот на правдата. Вклученоста на странските влади во тајната програма, вели авторката на извештајот, Амрит Синг, значи дека тие исто така ја делат одговорноста за злоупотреба заедно со САД.

„Извештајот покажува дека 54 земји биле соучесници на различни начини, вклучувајќи дозволување тајни затвори на ЦИА на нивна територија, приведување осомничени и нивно трансферирање на различни локации.“

Според неа, 25 земји во Европа и помогнале на ЦИА.

Македонија е меѓу земјите кои дозволиле користење авиони за пренос на осомничените, и за прелетување на територијата.

Оваа програма на ЦИА е тема на жестоки дебати во Соединетите Држави. Од поранешната администрација на претседателот Џорџ Буш велат дека програмата помогнала во заштитата на земјата од натамошни терористички акции.

Претседателот Барак Обама ја забрани, но ги отфрли барањата за национална комисија која би ги истражила злоупотребите.

Џон Бренан, привремен директор на ЦИА, тогаш беше главен на центарот на ЦИА за контратероризам. Тој тогаш за програмата изјави:

„Мислам дека таа е апсолутно важна алатка. Можам да кажам без двоумење дека таа е многу успешна во обезбедувањето разузнавачки податоци кои придонесуваат за спасување човечки животи.“

Во декември Европскиот суд за човекови права пресуди дека Скопје ги повреди правата на германскиот државјанин Калед ел Масри пред тој да биде префлен на тајно место во Авганистан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.