На Изборот за песна на Евровизија што годинава ќе се одржи во Лисабон, Македонија ќе ја претставува групата „Еye Cue“.
Ова е одлучено од комисијата за селекција што МРТВ, како носител на лиценцата ја формираше.
Песната на оваа група е избрана од вкупно пристигнатите 382 композиции, кои по пат на елиминација во три круга се сведени на 12 песни.
Во соопштението од МРТВ се вели дека секоја од композициите во последниот круг од страна на комисијата била рангирана и бодувана според евровизискиот принцип на гласање.
По пребројувањето на гласовите, комисијата одлучила дека песната „Lost and found“ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров, има убедливо најголем број гласови.