Кампањите на владата да привлече странски инвестиции не и помогнаа да се одлепи од дното на списокот на земјите во регионот по бројката на странските инвестиции.
Според извештајот на Конференцијата на ООН за развој (UNCTAD) на прво место во регионот според странски инвестиции е Хрватска во која во 2012 се вложени 1,25 милијарди долари а на последно е Македонија во која истата година дошле 135 милиони долари или речиси десет пати помалку од странските директни инвестиции во Хрватска.
По Хрватска како успешна фигурира и Албанија која во 2012 успеала да привлече 957 милиони долари а во споредба со Македонија не е лоша ниту Босна и Херцеговина со 633 милиона. Како успешна во рамките на регионот се вброи и Црна Гора со 609 милиона долара во 2012.
Србија која до скоро и беше најак конкурент на Хрватска падна на листата со само 352 милиона долара директни странски инвестиции.
Косово со 298 милиона долара е на 134 место на листата на UNCTAD на која Македонија може да се види дури на 153 позиција.
Сепак перформансите на Балканот се и понатаму слави ако се земе во предвид дека Унгарија која е е во блиското опркужување во 2012 привлекла 13,5 милијарди долари.
Шампион во Европа според бројката на директни странски инвестиции е Велика Британија во која се дојдени преку 62 милијарди долари.