Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија не распишала меѓународна потерница за осудениот гинеколог

0
By Менче Атанасова Точи on December 24, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 24, 2018 14:36

Македонија се уште не распишала меѓународна потерница по гинекологот Николче Дамчевски кој избега во Бугарија, наместо да оди на извршување казна затвор во траење од две години. Во МВР за НОВА велат дека меѓународна потерница се распишува на барање на Судот.

„За Дамчевски има распишано национална потерница, што значи само во границите на нашата држава. Судот е тој кој што треба да побара и да иницира меѓународна потерница. Ние сме само извршители“, велат за НОВА во МВР.

Од Основен суд 1 Скопје најавија дека во текот на утрешниот ден ќе се изјаснат за овој случај.

Очигледно, после се, националната потерница во ваква ситуација очигледно нема да заврши никаква работа затоа што Дамчевски е веќе надвор од границите на нашата земја. Нелогично е, надлежните институции да не преземаат мерки за да го вратат во државата на издржување на казната.

Додека МВР и Судот си ја префрлаат топката едни на други Дамчевски успеа да се вработи во софискиот Медицински центар„ Мајчин дом“каде извршуваше прегледи, поставуваше дијагнози и лекуваше се до моментот кога НОВА го откри и ја објави информацијата дека осудениот гинеколог избегал од државата.

Веднаш по ова Дамчевски доби отказ од работа, а бил избркан и од Бугарскиот сојуз на лекари.

Во меѓувреме НОВА од свои извори дознава дека Дамчевски не ја напуштил Бугарија и се уште се наоѓа во Софија. Извори од болницата за НОВА брифираат дека Дамчевски бил советуван од колегите и од раководството на болницата, да се предаде и да оди на издржување на затворската казна.

Нашите извори велат дека тој на лекарите таму им кажувал сосема поинаква верзија за случајот со пациентката која девет месеци ја лажел дека е бремена и ги уверувал дека тоа што го направил било со знаење и договор со нејзиниот сопруг.

Гинекологот Дамчевски кој е осуден за Тешки дела против здравјето на луѓето и фалсификување исправа, поради тоа што девет месеци лажеше пациентка дека е бремена, пред судот ја призна вината и за двете дела, Несовесно лекување и Фалсификување на медицински документи. На 7 ноември Апелациониот суд ја потврди пресудата од Основен суд 1 и му ја зголеми казната од 1, 6 месеци на 2 години казна затвор.

Од Основен 1 Скопје пред две недели за НОВА потврдија дека Дамчевски имал упатен акт за издржување на казна затвор уште на 14.11.2018 година, кога е побарано од МВР да се утврди неговата достапност. До овој момент Судијата за извршување на санкции не добил никаков одговор од МВР, велат од таму.

Од Судот тврдат дека на Дамчевски му биле одредени и мерки на претпазливост, му бил одземен пасошот кои важеле до правосилноста на пресудата и до овој момент никој не побарал тие да се укинат.

„По правосилноста на пресудата односно, откако предметот бил потврден и преиначен во делот на казната од Апелациониот суд Скопје и истиот е доставен до судија за извршување на санкции изготвен е упатен акт за обвинетиот да се јави на издржување на казната затвор, а на 14.11.2018 година побарано е од МВР да се утврди неговата достапност за што до овој момент не е добиен одговор“, се вели во одговорот од Основен суд 1-Скопје од 6 декември.

Индикативно е и како е можно осуденикот да биде пропуштен на граница и да не биде спроведен во затворот кога имало упатен акт за тоа. Надлежните треба да одговорат и кој ќе сноси одговорност за ваквиот пропуст со кој се дозволило осуденик да избега од државата.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.