Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија нема наскоро да добие преговори со ЕУ

0
By Светлана Јовановска on December 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


На две недели од самитот на ЕУ на кој ќе се усвојуваат извештаите за
напредок на балканските земји кон ЕУ, комесарот за проширување Штефан
Филе во Брисел најави дека Македонија нема да може да ги отвори
преговорите за членство како што тоа, по петти пат, го препорача
Европската комисија (ЕК).

“Перспективата за самит во декември, но и за подоцна, и понатаму е
темна», рече Филе зборувајќи за Македонија.
Филе зборуваше на конференцијата на «Пријателите на Европа» посветена
на Балканот на која присуствуваа високи гости од целиот регион а во
првите редови седеше и македонскиот министер за надворешни работи
Никола Попоски.

«Јас сум загрижен за домашната политичка ситуација во ПЈР Македонија и
тензиите меѓу владата и опозицијата, како и од тоа што нема опипливи
резултати за прашањето за името кое се води под капата на Обединетите
Нации».

Откако го заврши овој дел кој може да се најде на сајтот на ЕК, комесарот
одлучи да каже уште неколку збора за нашата земја. Тој подвлече дека нема
голема надеж за македонската песпектива за преговори за членство ни во
декември а ни подоцна и упати критика до земјите членки на ЕУ:

«Им понудивме на земјите-членки минатата година начин како да се
придвижи напред процесот бидејќи не гледам која е додадената вредност
на постојаното повторување на препораки за преговори а земјите членки
постојано повторуваат дека тоа ќе се случи во следното претседателство и
не го исполнуваат ветувањето. Понудивме нов пристап за решавање на
добрососедските односи, вклучително и на прашањето за името, на
почетокот од пристапните преговори. Со доволно гаранции за сите оние кои
се загрижени, дека добрососедските односи ќе станат навистина добри,
пред да се започне со суштинската работа на преговорите. Штета што тоа
не се зема во предвид од земјите-членки. Оваа година ги прашуваме
земјите челнки: што е тоа што го сакате? Сакате сето тоа да го повториме и
следната година? Ако има услови за тоа се разбира. Би ни требале повеќе
насоки од земјите членки. Ако ги гледате поглавијата 23 и 24 и ако видите
како во последниве години го трансформиравме проширувањето, ќе видите
дека земјите членки ја имаат контролата на овој процес. Преку отворање и
затворање на бенчмарковите. Ние направивме тој процес да биде
пополитичи и време е да се реагира политички“, рече Филе.

Понатаму комесарот зборуваше за високиот пристапен дијалог со
Македонија кој, според него, создал атмосфера за “план Б” кој требало да
доведе до дебата за добрососедските односи и да создаде клима за
решавање на спорот со името. Но, Филе заклучи дека македонските власти
не му помогнале за реализација на тој план:

«Наместо македонските власти да испорачаат најдобро што можат за да ни
помогнат со примена на тој „план Б”, се случија настаните од 24 декември
минатата година. Тоа ја стави земјата на чекање за период од десет
месеци, а и се уште има импликации од тој процес», одговори Филе.
Комесарот се надева дека оваа година заклучоците на самитот на ЕУ ќе
донесат за Македонија појасна насока за тоа како да се работи во иднина.

Според извор на ЕК, на самитот во декември Македонија би требало да
добие нова форма на дијалог со ЕК во која ќе се третираат сите спорни
прашања. Освен нови обиди за решавање на спорот со Грција, од што ЕК
не се откажува, во тој нов дијалог главно место ќе и се даде на слободата
на медиуми, борбата против корупцијата и во голем дел економијата.

Освен тоа, ЕК ќе побара од земјите кандидати за презентираат широки
годишни програми во кои ќе кажат како планираат да станат функционална
пазарна економија. Потоа ЕК ќе издава препораки за тоа како земјата на
економски план напредува. Според Филе, важно е балканските земји имаат
добра економска форма за да можат полесно да ги исполнуваат
политичките реформи што од нив се бараат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.