Бранко Тричковски: Американскиот индивидуализам се преведува како „хо-јен-чуи“, секој човек за себе, себичност; слобода на кинески тоа е „тцу ју“ што значи да се биде надвор од контрола, да правиш што сакаш без да ги следиш своите одговорни должности, бесконтролност. Македонскиот индивидуализам се пројавува само на нивото на расипаност, инаку тоа е безлична маса која во светот на слободата се однесува како медуза во благо разбранувано море. Ние сме влакна што мајмунот ќе ги загуби кога ќе стане човек. Културниот империјализам беше најважниот аспект на американските пласмани и доминација. Не треба да нѐ чуди што САД не беа ксенофобични. Тие извезуваа култура и беа сигурни во тоа дека ќе ги заразат или заведат сите што ќе ја допрат.
Извор: Фронтлајн.мк