Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија остави лош впечаток пред Филе

0
By Сашка Цветковска on April 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Македонија денес остави непријатен впечаток пред еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој, според неговите зборови ќе се одрази и на пролетниот извештај на Европската комисија за земјава. Филе најпрво се изнервира утринава на собраниската седница на Националниот совет на евроинтеграции кога изнервирано им се обрати на присутните пратеници кои се препираа околу тоа кој е виновен за состојбите во земјава, особено околу прашањата за изборите.

„Вие го избравте датумот за овој дијалог на високо ниво по изборите, а не јас, иако знаевте дека се уште ќе биде тензично. Иако се уште живеете во времето на изборите, имате шанса да ми помогнете за што попозитивен и пообјективен извештај во Брисел. Да ни помогнете нам за да ви помогнеме вам“

-Барате одговорност од ЕУ! Јас сум одговорен. Затоа трет пат сум тука! За да покажам одговорност и посветеност. Ние сме заинтересирани за напредокот и таа е таа агенда. Но вие… Некои од вас не се во таа насока! Имиџот на Македонија не се подобрува, ни во Брисел, ни кај земјите членки!“, речиси бесно порача Филе додавајќи дека ова што денес го слуша и гледа се информации кои ќе влезат во пролетниот извештај.

Подоцна, на заедничката прес конференција со премиерот Никола Груевски, Филе уште еднаш повтори дека сликата која денес ја оставија претставниците на политичките сили иќе се најде во извештајот.

„Со ажурирани информации од ова што го слушнавме денеска, извештајот ќе излезе следниот вторник“, рече Филе.

Во однос на напредокот постигнат во рамки на Дијалогот на високот ниво, Филе порача дека е важно да се прејде во фаза на имплементација на законите. Се осврна и на медиумите и побара од Владата да се ангажира во продолжувањето на дијалогот со новинарите, кој по настаните од 24 Декември беше прекинат.

„Запомнете дека бранењето на слободата на медиумите е основа во демократијата. Прелиминарниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за известувањето на медиумите за изборите само го зајакна овој аргумент со што ги наброја помеѓу недостатоците пристрасното покривање од страна на медиумите на овие настани. Поради тоа, властите треба да обрнат внимание на овие прашања“, рече Штефан Филе.

Премиерот Никола Груевски рече дека ќе Македонија останува на патетката на европската агенда и дека е задоволен од постигнатото во рамки на дијалогот на високо ниво со Европската комисија.

„Ние ќе продолжиме со посветен однос на градењето и интензивирањето на реформите, во надминувањето на предизвиците и во понатамошно унапредување на сите сфери во општеството со цел подобар и поквалитетен живот “, рече премиерот

Еврокомесарот за прширување Штефан Филе кој дојде во Скопје заради финализирање на пролетниот извештај на ЕК за Македонија, денеска треба да се сретне со премиерот Никола Груевски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими. Во Владата ќе се одржи нова рунда од пристапниот дијалог на високо ниво.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.