НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија пред жешко „политичко“ лето – Дали се очекува ескалација или деескалација?

0
By Marija Todorovska on June 5, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија веќе долго време се наоѓа во спирала на политички кризи, кои ја разнишуваат стабилноста на земјата и го забавуваат нејзиниот напредок. Политичките партии се соочуваат со постојани разногласија, што често резултира во блокади и нестабилни владини коалиции. Дали ќе биде така и овој пат со новата владина коалиција останува да видиме, велат универзитетските професори за ЦИВИЛ Медиа.

Со завршувањето на изборите и создавањето на новото парламентарно мнозинство, на повидок е формирање на Влада од речиси две третини од пратениците, составена од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.

Македонија пред политичко „жешко“ лето

Предупредувањата од политичките партии, особено од оние на Европскиот фронт, се дека ќе имаме жешко лето, не само поради топлото време кое преовладува оваа годишно време, туку од политички причини, особено поради, како што велат „легитимитетот“.

Универзитетскиот професор Мурат Алиу за ЦИВИЛ МЕДИА вели дека прашањата се посложени од предупредувањата на Европскиот фронт.

„Точно е дека Македонија ја очекува „жешко“ политичко лето. Тоа се должи на фактот дека новата влада ќе се соочи со многу проблеми, наталожени од порано. На прво место на политичката агенда на новата влада ќе биде борбата против корупцијата, економската криза и секако односите со нашите соседи, Бугарија и Грција“, вели Алиу.

Дали е можно да има ескалација на ситуацијата?

Европски фронт ја смета за „моноетничко мајоризација“ владината коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, која победи на изборите и ВЛЕН, кои до вчера беа во опозиција и кои на изборите добија околу 30.000 гласови помалку од нивната спротивна коалиција. Од друга страна ВЛЕН сметаат дека победиле на изборите затоа што собрале 107 илјади албански гласови.

Пред неколку дена во Тетово, лидерите на оваа коалиција, покрај заканувачките изјави, потпишаа и изјава во која велат дека новата владина коалиција „го нарушува легитимитетот на другите етнички заедници, го минира соживотот, демократијата и не треба да се дозволи од сите ние заедно“.

Алиу вели дека не може да има ескалација на ситуацијата бидејќи ДУИ нема поддршка.

„Што се однесува до можноста за „ескалација“ на ситуацијата предизвикана од Демократската унија за интеграција, мислам дека такво нешто не може да се случи. Тоа е затоа што такво нешто нема да биде поддржано ниту од надворешниот фактор, ниту од внатре. Притоа, овој дискурс на ДУИ е ориентиран кон внатрешното членство, со цел консолидирање на нивните партиски редови. Меѓу другото, ДУИ со овој акцент дека власта го нема легитимитетот на Албанците, има за цел да ја делегитимира албанската коалиција во владата и е подготовка за следната кампања за локалните избори“, вели универзитетскиот професор Алиу.

Алиу понатаму нагласува дека најдобро за самата ДУИ, за Албанците и за демократијата е да влезат во процес на реформирање и на тој начин да се подготват за изборите и идните политички битки.

Има ли сличности меѓу коалицијата од 2006 година и сега?

Во летото 2006 година, тогашниот мандатар Никола Груевски направи коалиција со албанската партија ДПА (Демократска партија на албанците) со 11 пратеници, која имаше помалку пратеници од победникот на тогашните избори, Демократската унија за интеграција (ДУИ) во коалиција со Партија за демократски просперитет (ПДП) и Демократската лига на Бошњаците (ДЛБ) со 17 пратеници. Оваа коалиција на чело со ДУИ тогаш го проблематизираше ова прашање поради мајоризација на албанските гласови, при што политичката криза по 18 месеци  заврши со „мајскиот договор“ меѓу Али Ахмет и Никола Груевски кој траеше до 2017 година.

Комуникологот и политички аналитичар Сефер Тахири коалицијата од 2006 година ја гледа како идеолошко партнерство, а сега како консензус за ДУИ да оди во опозиција.

„Владината коалиција меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДПА во 2006 година беше формирана врз основа на стратешко партнерство, кое се засноваше на десничарската идеологија која овие две партии ја прокламираа. Додека коалицијата 2024 година, иако има сличности на конзервативниот идеолошки аспект, промовирана од партијата на Мицкоски и коалиционите партии ВЛЕН, не може да се каже дека е формирана на оваа основа, туку е резултат на консензусот на двете блокови дека ДУИ да оди во опозиција“, вели Тахири.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој се очекува утре да го добие мандатот за формирање на владина коалиција, го чекаат многу предизвици, почнувајќи од борбата против корупцијата, употребата на уставното име на државата и реформите што ги најави за време на неговата изборна кампања, додека ВЛЕН се соочува со предизвикот на подобро владеење од таа на ДУИ.

Граѓаните, истоштени од секакви состојби, бараат решенија кои ќе овозможат подобра иднина и реални промени. Дали е можно конечно да се излезе од овој зачаран круг?

Н. Абдурахмани / Цивил Медиа

ВЛЕН ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Мурат Алиу СЕФЕР ТАХИРИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.