Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија, преку „Public room“ е меѓу петте водечки европски дизајнерски платформи кои ја создаваат следната генерација на паметни дизајнери

0
By Ана Василевска on April 5, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Public Room е основана во 2007 година врз основа на бизнис модел на социјални
иновации и претприемништво. Од 2015 година го лансира уникатниот модел на социјално
претприемништво и станува водечка граѓанска организација за дизајн на социјални
иновации во целиот балкански регион.

Петте големи меѓународни дизајн платформи и фестивали: “Skopje Design Week” на
“Public Room” (Македонија), Фестивал Миксер (Србија), Дизајнавстрија (Австрија), What
Design Can Do, Амстердам (Холандија) и Центарот за дизајн од Барселона (Шпанија) се
обединија за да го започнат амбициозниот проект: Next Gen Design, кој има за цел не
само да го поттикне учеството на младите туку и да поттикне промена на парадигмата и
насочување кон циркуларен дизајн. Партнерството се појави како одговор на итна
потреба да се поттикнат младите дизајнери на возраст помеѓу 18 и 35 години ширум
Европа да преземат активна улога во обликувањето на одржлива иднина.

Проектот Next Gen Design, поддржан од Европската комисија и Министерството за
култура на Македонија, директно се справува со нужноста за иновативно и амбициозно
вклучување на младите во изнаоѓање долгорочни дизајн и иновативни решенија. За таа
цел ќе бидат отворени меѓународни конкурси за дизајн решенија за сите млади дизајнери
од Европа кои ќе се реалзираат во 2024, 2025 и 2026 година ќе ги промовираат
принципите на одржлива и циркуларна економија.

Од вчера е активен онлајн центар преку веб страницата https://nextgendesign.eu чија
намена е споделување идеи и учење за позелена иднина во која е инкорпориран
прашалник за млади од 18 до 35 години (https://nextgendesign.eu/survey/) со цел да се
детектира свесност за Европскиот зелен договор и истиот да се прилагоди на потребите и
можностите на младите во регионот и Европа.

Соработката на петте меѓународни платформи за дизајн ќе понуди серија истражувања,
отворени повици за дизајн решенија и учество на европскит дизајн фестивали,
работилници и резиденции во фабрики. Ова фестивалско партнерство означува значаен
чекор за формирање на следната генерација дизајнери свесни за климатските промени
во светот.

За Public Room:

Public Room е основана во 2007 година врз основа на бизнис модел на социјални
иновации и претприемништво. Од 2015 година го лансира уникатниот модел на социјално
претприемништво и станува водечка граѓанска организација за дизајн на социјални
иновации во целиот балкански регион. Активностите и програмата го зајакнуваат
непрофитниот сектор од регионот главно во доменот на креативните индустрии и особено
дизајнот. Во 2011 година Public Room го иницираше годишниот фестивал “Skopje Design
Week” во Скопје и ја користи оваа платформа за тесно поврзување на дизајнот секторот,
бизнисот и образованието. Овогодинешното издание на “Skopje Design Week” ќе се одржи
од 6. до 10. ноември на две локации во Скопје, Public Room и Мала станица. Врзете ги
појасите, полетуваме повторно!

дизајн Дизајнерски платформи Јавна соба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.