Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија претставена во Израел преку раскази од млади амбасадори на земјава

0
By Нова ТВ on January 22, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Леа Лумбуровска, Патрициа Ѓорѓиевска и Филип Димкоски се тројцата млади амбасадори на мирот и пријателството кои пет дена од јануари годинава, минаа во Израел претставувајќи ја Македонија.

Тројцата млади автори во август минатата година беа првонаградени во своите категории за продолжување на расказот ,,Еврејчето Шами” од еминентниот македонски писател Владимир Костов.

На расказот конкурирале над 60 учесници, а по проценката на стручното жири од нив девет се избрани како најдобри во три старосни категории.

Расказите се објавени во електронска книга http://www.shamithejewishboy.com/book/ на македонски, англиски и хебрејски јазика.

Конкурсот е по иницијатива на Марија Герас Дочовска, а го организираше граѓанската организација „Одлики“ од Битола.

Амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Оријан, одлучи првонаградените автори да ги награди со патување и престој во Израел.

Тие беа пречекани и примени од амбасадорот на Р. Македонија во Израел, Пајо Авировиќ, а се запознаа со културата, традицијата и начинот на живот на оваа држава, и имаа ексклузивна можност да се дружат со писатели и издавачи, академски професори, професори и ученици од средните училишта и членови на младински организации.

Ова е уште еден доказ дека уметноста може да го освојува секој дел од светот, да создава и да гради значајни и убави врски и да зближува, поучува и поттикнува.

Израелците се воодушевени од фактот дека толку млади луѓе се зафатиле да осознаваат и пишуваат за сериозна тема како што е Холокаустот, која ним не им е блиска и имале доволно отворен ум и срце да разбираат и сочувствуваат.

Од друга страна пак, гостите од Македонија се импресионирани од прекрасниот прием и пречек на Израелците, нивната непосредност, топлина и желба што повеќе и подобро да им ја презентираат својата држава.

Леа, Патрициа и Филип, велат дека ова за нив е големо искуство, престојот и пријателствата од таму им се од големо значење и ова е поттик за да творат и понатаму. Сега нивните раскази ги читаат граѓаните на Израел и тоа за нив е мотив повеќе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.