Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија се соочува со економска нестабилност – зголемена инфлација и поскапувања

0
By Marija Todorovska on February 27, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според извештајот, економијата на Северна Македонија продолжува да биде несигурна и под влијание на погрешни политики.

Дестан Јонузи

Најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) потенцира на внимателност во однос на инфлациските ризици и нивното евентуално остварување, вклучително и на оние што произлегуваат од домашните фактори коишто влијаат на побарувачката, што може да наметне потреба од натамошни мерки.

Во извештајот на ММФ се вели дека во јануари годинава инфлацијата достигна 4,9%, што бележи алармантно зголемување од најниското ниво од 2,2% забележано во август минатата година.

Ова според, Насир Селими – професор на факултетот за бизнис и економија при Универзитет на Југоисточна Европа значи дека ќе има просечен пораст на цените и нарушување на пазарот.

– Тоа значи дека се соочуваме со економска нестабилност, осиромашување на граѓаните за 4,9% во однос на споредбениот период, нестабилност на реалната економија,зголемена невработеност, намалени економски активности на бизнисите… Просечни поскапувања и нарушување на пазарот, изјави Селими за Фронтлајн.

Според извештајот економијата на Северна Македонија продолжува да биде несигурна и под влијание на погрешни политики.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче посочи дека македонската економија се движи во погрешна насока, наместо напредок, сведоци сме на продлабочување на кризата, неконтролирано трошење, пад на инвестициите и намалување на животниот стандард.

– Во првите два месеци од 2025 година, реализацијата на капиталните инвестиции е само 2,43%. За споредба, во истиот период минатата година биле реализирани 12,1%, Сега, инвестициите во инфраструктура и економски развој се целосно запрени. Без капитални инвестиции, нема економски раст. Владата очигледно нема капацитет да исполни ниту едно ветување за модернизација и развој, иако ова им беше една од главните пораки. Индустриското производство опаѓа веќе четири месеци јасен индикатор дека стопанството слабее. Во декември 2024 година падот изнесувал 1,4%, во ноември 3,5%, во октомври 1,1%, а во септември цели 7,9%. Без силна индустрија, нема економски раст и развој, рече Филипче.

Наспроти падот на капиталните инвестиции и индустриското производство, се продлабочува буџетскиот дефицит, што ќе придонесе за раст на ионака зголемениот јавен долг.

– Во првите два месеци од 2025 година, буџетскиот дефицит изнесува рекордни 7,8 милијарди денари. Државата троши многу повеќе отколку што прибира. Владата создава опасен јаз помеѓу приходите и расходите, кој ќе мора да се покрива со нови долгови. Ова е рецепт за финансиски колапс. Во тој контекст логично е што расте и јавниот долг и сега е над 70% од БДП. Владата избегнува да ги објави точните бројки. Државниот бројчаник не работи, а Министерството за финансии молчи. Граѓаните имаат право да знаат колку навистина должиме а и кои се плановите за враќање на тие долгови, изјави Филипче.

При тоа, Филипче потенцираше дека додека економијата се движи во погрешна насока, македонските компании се уште ја чекаат поддршката од унгарскиот кредит од 250 милиони евра. Останува непознато како што кажа Филипче дали овие средства ќе стигнат до економијата или ќе завршат во нетранспарентни зделки, а недостигот на информации создава сериозен сомнеж за начините на трошење на јавните средства.

Според опозициската ДУИ, извештајот на ММФ јасно го истакнува она што граѓаните го чувствуваат секојдневно: инфлацијата повторно расте, а животниот стандард значително се влошува. Во јануари оваа година, инфлацијата достигна 4,9%, што претставува алармантен пораст од најниското ниво од 2,2% забележано во август минатата година.

– Ова значи повисоки цени за основните прехранбени производи и сите животни потреби, дополнително оптоварувајќи ги семејствата кои веќе се соочуваат со големи економски тешкотии. Без административни мерки и контроли на цените, храната станува недостапна, додека неспособната влада продолжува да ја игнорира кризата што ги погодува најсиромашните слоеви на општеството. Оваа реалност станува уште потешка додека се приближуваме кон светиот месец Рамазан, кога граѓаните немаат основни услови за да ги нахранат своите семејства. Извештајот на ММФ исто така потврдува дека економијата на нашата земја продолжува да биде несигурна и под влијание на погрешни политики. Недостатокот на раст на продуктивноста само ја продлабочи економската криза и предизвика губење на конкурентноста. Дури и јавните инвестиции се на ниско ниво, оставајќи клучни проекти, како Коридорот 8, во застој, додека владата дава приоритет на проекти то служат на тесни интереси наместо на развојот, велат од ДУИ.

Оттаму наведуваат дека граѓаните се соочуваат со последиците од нејзините неуспеси: раст на цените, економска несигурност и целосен недостаток на поддршка за оние на кои им е најпотребна.

– Во ова тешко време за нашите граѓани, бараме од владата итно да преземе мерки за да им помогне на семејствата кои едвај ги покриваат основните трошоци, велат од партијата на Али Ахмети.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Дестан Јонузи економија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.