Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија слави: Гостиварчанецот Шкодран Мустафи е светски првак во фудбал

0
By Нова ТВ on July 14, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гостиварецот Шкодран Мустафи со Германија стана Светски првак во фудбал и
Гостиварчани од синоќа имаат двојна причина за славеење.

Адмир Мехмеди во дресот на репрезентацијата на Швајцарија стана првиот Албанец кој постигнал гол на Светското првенство, а од синоќа неговиот сограѓанин Шкодран Мустафи во дресот на репрезентацијата на Германија стана првиот Албанец од Гостивар, кој е светски првак во фудбал.

Синоќа цел Гостивар беше “прикован” пред ТВ екрани следејќи го финалниот натпревар помеѓу Германија и Аргентина.


Организирано натпреварот се следеше во центарот на градот, во кафулињата каде беа собрани многу љубители на фудбалот кои навиваа за Германија.Поради повреда Мустафи не настапи на финалната средба.

Финалниот натпревар се следеше и во гостиварското планинско село Срмново од каде што потекнува таткото на Шкодран Мустафи. Неговото семејство од оваа село заедно го проследи натпреварот.

По завршувањето на натпреварот гостиварецот Шкодран Мустафи, на неговиот Фејсбук профил, објави фотографија “селфи” со германската канцеларка Ангела Меркел и со освоениот пехар на Светското првенство.

На неговата адреса непрекинато стигнуваа безброј честитки од сите страни од светот,од јавни личности од политиката, уметноста, културата, спортот но и од обичните луѓе.

Меѓу првите честитки преку своите Фејсбук профили упатија градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта и косовскиот премиер Хашим Тачи.

-Срдечни честитки за репрезентацијата на Германија и за Шкодран Мустафи од Гостивар-првиот Албанец со златен медал од Светско првенство во фудбал. Екипната игра беше клучот на победата – напиша Хашим Тачи на својот Фејсбук профил.

-За нас како гостиварци радоста е поголема. Нашиот син Шкодран Мустафи ни направи чест како град и како Албанци – напишал Невзат Бејта.

Од дебито на Светското првенство на средбата со Португалија во првото коло од фазата по групи, кога влезе како замена, па се до четвртфиналната средба со Алжир, Шкодран Мустафи беше стандарден првотимец, но повредата го спречи да биде дел од другите натпревари на репрезентацијата на Германија на Светското првенство во Бразил.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.