Македонија спремна да преговата за предлогот на Нимиц
,,Актуелната статус-кво ситуација со евроатлантските интеграции е неодржлива,, изјави Зоран Јолевски.
Македонскиот преговарач за името во синоќешниот настап пред членовите на Парламентарното собрание на НАТО во американскиот конгрес побарал интензивирање на разговорите во Обединетите нации.
,,Македонија е искрено посветена на изнаоѓање взаемно прифатливо решение со кое ќе се зачуваат националниот идентитет и достоинство,, – рекол Јолевски. Тој ги информирал конгресмените дека непосредно по презентирањето на априлскиот предлог за името, македонската страна го известила Метју Нимиц дека е подготвена за средба на која конкретно би се зборувало за пакетот. И по три месеци одговор од Грција, според Јолевски, се уште нема.
Тој во настапот на прецизирал дали за македонскиот државно-владин врв е прифатлива последната платформа на медијаторот Нимиц која, како што во Софија изјави коалицискиот партнер Али Ахмети, се темели на името Горна Република Македонија.