Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија во ЕУ пред крајот на деценијата

0
By Нова ТВ on January 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во најновата нализа на агенцијата Стратфор се наведува дека и покрај сегашната економска криза, Европската унија ќе продолжи да го шири своето членство но побавно и поселективно.

Во анализата се додава дека влезот во Унијата останува важна цел на надворешната политика пред се на земјите од Западен Балкан. Сепак, ендемските инстутуционални и политички пречки и натаму ќе ги усложнуваат нивните напори за членство.

Европската унија верува дека проширувањето кон Западен Балкан ќе му донесе на тој регион политичка стабилност и економски можности.

И покрај тоа што процесот е крајно комплексен поради бројни територијални, етнички и политички прашања, три држави веќе добија кандидатски статус: Македонија, Србија и Црна Гора.

Потсетувајќи дека Македонија аплицираше за членство во 2004 година и оти една година потоа го доби статусот кандидат, Стратфор посочува три главни пречки на Македонија кон Европската унија.

Најпрвин е политичкиот и етничкиот конфликт во земјата. Постојат тензии меѓу етничките Македонци кои се околу 75 насто од популацијата и етничките Албанци. Меѓу двете групи често избувнува насилство.

Во меѓувреме, постојаните заткулисни битки меѓу македонските политички партии го спречуваат имплементирањето на економските и институционални реформи.

Втората пречка, како што наведува Стратфор, е статусот на владеењето на правото, вклучувајќи ја корупцијата, како и институционалните нерегуларности.

Брисел ги идентификува овие прашања како клучни проблеми кои треба да бидат решени пред земјата да стане членка на Унијата.

Третата пречка е дипломатскиот спор со Грција која е членка на НАТО и Европската унија. Атина верува дека употребата на името Македонија ќе му овозможи на Скопје да бара дел од грчката територија со исто име.

Згора на тоа Бугарија се закани дека ќе го блокира пристапот на Македонија, наведувајќи дискриминација на бугарското малцинство во таа земја.

Во декември Советот на Европската унија утврди дека пристапните преговори би можело да почнат до средината на оваа година.

Сепак, Македонија по се изгледа ќе стане членка на Европската унија пред крајот на оваа деценија, се наведува во анализата на Стартфор во која се заклучува дека така ќе биде и со другите земји од Западен Балкан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.