Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонска берза со нов кодекс за корпоративно управување според принципот-примени или појасни зошто не си применил

0
By Mirjana on October 26, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на зеднички проект на Македонската берза и Комисијата за хартии од вредност, донесен е Кодексот за корпоративно управување на котираните друштва, кој почнува да се применува од денеска. Целта на новиот Кодекс за корпоративно управување е преку примена на добрите практики на корпоративно управување да се подобри управувањето и контролата во котираните друштва, да се зголеми транспаретноста во нивното работење, да се подобри начинот на кои друштвата остваруваат комуникација со акционерите и инвеститорите и да се воспостават системи за поддршка за успешен развој на домашните компании.

– Со ова Берзата прави уште еден значен чекор напред во имплементирањето на европските стандарди во оваа област на македонскиот пазар на хартии од вредност. Кодексот се однесува на друштвата чии акции котираат на Официјалниот пазар на Берзата, што ги исполнуваат условите пропишани во Правилата за котација. Овие друштва треба на годишно ниво да известуваат за тоа дали ги применуваат најдобрите практики пропишани во Кодексот, се вели во соопштението од Македоснска берза.

Како и кодексите во други европски земји, така и новиот Кодекс, велат од Македонска берза, ќе се применува според принципот „примени или појасни зошто не си применил“. Ваквиот пристап, додаваат, подразбира дека примената на одредбите од Кодексот не е задолжителна за котираните друштва.

– Друштвата можат да не применат некоја одредба од Кодексот во случаи каде што постојат оправдани причини за тоа, на пример, доколку таквата одредба не одговара на големината или потребите на друштвото. Сепак, во таквите случаи, друштвата се должни да дадат објаснување зошто конкретната одредба не можела да биде применета, се додава во соопштението.

Кодексот првпат воведува одредби и практики поврзани со прашања за заштитата на животната страдина и прашања од општествен интерес.

Во врка со донесениот Кодекс, главниот извршен директор на Берзата, Иван Штериев изјави дека со реализацијата на овој проект не само што се заменува досега важечкиот кодекс, донесен пред повеќе години, туку се редефинира и се зголемува опфатот на котирани друштва на коишто истиот се однесува и се пресликуваат најдобрите современи меѓународни практики во оваа област.

– Кодексот, иако формално е документ кој го носи Берзата, е стратешко сидро на целиот пазар. Оттука, неговото донесување беше заеднички иницирано и реализирано од страна на Македонската берза и Комисијата за хартии од вредност, со голема поддршка од страна на Европската банка за обнова и развој и консултантите кои преку неа беа ангажирани.  Кодексот ќе претставува конкретен патоказ за градење на добра корпоративна репутација и одржлив развој на долг рок за македонските котирани друштва и ќе предизвика низа позитивни импликации како за македонскиот пазар на хартии од вредност, така и пошироко, истакнува Штериев.

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити пак вели дека ефикасни, издржливи и правични пазари на капитал се градат врз основа на низа столбови.

– Еден многу важен столб е токму доброто корпоративно управување. Новиот кодекс за корпоративно управување обезбедува цврста рамка на добри правила и стандарди кои ги поставуваат очекувањата и границите на котираните компании што ќе резултира со доволно обелоденување за да им се овозможи на инвеститорите да носат информирани одлуки. Како регулатор, ние сме уверени дека новиот кодекс за корпоративно управување ја има вистинската рамнотежа помеѓу поттикнувањето на растот и обезбедувањето соодветно ниво на заштита на инвеститорите, додава таа.

Директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава, Енди Аранитаси потенцираше дека ЕБОР со задоволство ја поддржала иницијативата на Македонската берза и Комисијата за хартии од вредност за донесување на нов Кодекс за корпоративно управување, кој, како што вели, воведува модерни стандарди за понатамошно промовирање на развојот на пазарот на хартии од вредност во Република Северна Македонија.

– Во оваа прилика, Европската банка за обнова и развој им се заблагодарува на Берзата и Комисијата за нивната проактивна улога и соработка и за заблагодарува на Големото Војводство Луксембург за нивната великодушна поддршка на овој проект. Европската банка за обнова и развој ќе продолжи со поддршка на овие институции во воспоставување на рамка за известување и мониторинг во врска со новиот Кодекс, како и со поттикнување на друштвата да го градат своето корпоративно управување преку примена на одредбите од Кодексот, додаде Аранитаси

Мак. берза со нов кодекс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.