НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонска бизнис делегација во Санкт Петербург-за првите 9 месеци регистриран дефицит на наша страна од 65,4 милиони американски долари

0
By Mirjana on November 16, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По речиси двогодишна пауза заради пандемијата со Ковид 19, бизнис делегација од земјава неделава престојува во Санкт Петербург на директни средби со руските добавувачи и купувачи на храна.Во организација на Македонско-руската стопанска комора и во соработка со „Центр закупок сетеи“ од денес до 18 ноември ќе се одржат разговори и билатерални бизнис средби со руските партнери во функција на зголемување на економската соработка меѓу двете земји.

Македонската делегација на манифестацијата „Се за маркети“ ја сочинуваат
дваесет бизнисмени од единаесет компании од областа на производство на храна. На руските деловни луѓе своите производи ќе им ги понудат македонски произведувачи од областа на кондиторијата „Свислион“, „Макпромет“ и „Реском“, претставници од конзервната индустрија „Бест Фуд“, „Агро Ко“, „Хина продуктс“, „Ларс“, „Тргопродукт“, „Мамас“, „Алтера Фуд“, како и реномираниот произведувач на здрава храна „Виталиа“.

– Срдечен дочек, одлична организација и огромен интерес од страна на руските
компании за нашите производи се првите впечатоци.Секојдневно веќе имаме
договорено по дваесетина средби со руските партнери. „Центар закупок сети“ е формат на деловни преговори што неколку пати го намалува времето и трошоците на добавувачите да влезат во трговските синџири во Русија, а на нив, пак, им овозможува да ја изберат најсоодветната храна за нивните потрошувачи.Се работи за одлична форма да се стигне до руските купувачи, – истакнува Крсте Ѓорѓиев од „Бест фуд“.

Од руската страна на средбата со челните луѓе на македонските компании
присатни се претставници на преку 70 синџири на маркети, претставници од ХоРеКа (хотели и ресторани) и дистрибутери. За македонските производи се заинтересирани и најголемите руски трговски брендови, како што се „Азбука вкуса“, „Петорочка“, „Х5“, „Фамилија“, „Викториа“, „Лента“, „Магнит“, „Аушн“, „Вернии“, „Светофар“, „Магнолија“…

– Фактот дека и во сериозна здраствена ситуација во двете земји деловните луѓе
се одважија да се сретнат со нивните руски колеги во Санкт Петербург само ја потврдува заинтересираност на двете страни за зголемување на меѓусебната трговијата. Дел од значајните македонски брендови од областа на конзервната и кондиторската индустрија се веќе достапни до руските потрошувачи.Но, во ситуација кога во светот се појавува недостаток на производите од земјоделството и прехрамбената индустрија серизно ја згоемува шансата за далеку поголем пласман на македонски производи на големиот руски пазар.Токму од тие причини многу е значајно да се зголемат директните средби
меѓу бизнисмените од двете земји, – порачува м-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора.

– Очекуваме, покрај продолжување и зголемување на досегашните пласмани во Русија од овие индустрии, македонските бизнисмени да склучат и нови договори, кои ќе влијаат на зголемување на нашиот извозот во оваа земја.

Македонските компании за девет месеци од годинава извезле стока во Руската
Федерација во износ од 42 милиони САД долари.Притоа, од руските партнери
македонските бизнисмени купиле стока во износ од 107,4 милиони САД долари.Тоа значи дека вкупната трговска размена меѓу двете земји во периодот од јануари до крајот на септември изнесувала близу 150 милиони САД долари (поточно 149,4 милиони САД долари).Земјава во размената со Русија во овој период бележи трговски дефицит во износ од 65,4 милиони САД долари.

Минатата година македонскиот извоз во Русија ја достигна бројката од нешто над 60 милиони долари, бројка која годинава тешко ќе биде достигната.Заради раните мразеви и сушата во земјава лани беше намалена понудата на земјоделски производи (особено на праски) наменети за овој пазар.
М-р Дејан Бешлиев утре ќе се сретне и со почесниот конзул на Република
Северна Македонија во Санкт Петербург , познатиот бизнисмен Михаил Бобров, со кого ќе разговара за можностите и начините за пообемна економска соработка меѓу двете земји.Предвидена е и негова средба и со претставници на Стопанската комора на Санкт
Петербург.

Македонско-руска стопанска комора Санкт Петербург среба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.