Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската економија под „оптиката“ на Брисел

0
By Marija Todorovska on November 5, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Економијата се карактеризира со висок енергетски интензитет со ниска ефикасност во производството и потрошувачката на енергија. Енергетската ефикасност е еден од клучните столбови за постигнување амбициозни национални цели за енергија и клима, се вели во извештајот.

Дестан Јонузи / Фронтлајн.мк

Европската комисија за Северна Македонија секоја година повторува слични критики, почнувајќи од корупцијата, спроведувањето „тендери“, јазот на пазарот на труд меѓу понудата и побарувачката, неформалната економија, бавната дигитализација.

Има забелешки за јавните набавки со недостиг на капацитет на институциите за управување со јавните набавки, каде што се применуваат нејасни практики при распределбата на договорите за главните проекти, за растечкиот јавен долг, како и слаба економска динамика, каде што зголемувањата на платите и пензиите носат нови ризици за пораст на инфлацијата. Истовремено, зголемената цена на енергијата тешко ќе ја погоди економијата, имајќи предвид дека земјата во голема мера се потпира на увозна енергија.

Според извештајот, Северна Македонија треба да се фокусира на структурните реформи, кои се клучни за намалување на долгот и зајакнување на економскиот раст, што ќе го подобри животниот стандард на граѓаните. Структурните реформи во суштина се мерки кои ја менуваат структурата на економијата, односно институционалната и регулаторната рамка на деловната активност на компаниите и поединците. Тие се дизајнирани да ја зајакнат економијата и да придонесат за урамнотежена реализација на потенцијалот за раст.

Меѓу другите наоди во извештајот се наведува дека Северна Македонија е меѓу ниво на подготвеност и умерено ниво на подготвеност и не постигнала напредок во спречувањето и борбата против корупцијата. Корупцијата останува широко распространета во многу области и предизвикува сериозна загриженост.

Во однос на макроекономските позиции, се вели дека економското закрепнување по пандемијата остана слабо, со забавување на растот на БДП на околу 1 процент во 2023 година, од 2,2 проценти во 2022 година, поради слабата внатрешна побарувачка. Исто така, растот на потрошувачката на домаќинствата забави, и покрај тоа што беше поттикнат од зголемените плати, дознаките и владината поддршка.

Усогласувањето со европскиот стандард или конвергенцијата со нивоата на приход во ЕУ остана бавно, при што реалниот БДП по глава на жител се зголеми од 37 отсто од просекот на ЕУ-27 во 2017 година на 43 отсто во 2021 година и понатаму постепено паѓа на 41 отсто во 2023 година.

Дефицитот на тековната сметка, кој се искачи на 6,1% од БДП во 2022 година поради зголемувањето на цените на енергијата, се намали на годишен суфицит од 0,7% од БДП во текот на 2023 година и како што цените на енергијата и домашното производство на електрична енергија паднаа, потребата за увоз на електрична енергија беше намалена.

Странските директни инвестиции, со околу 3,8% од БДП, лани беа пониски во однос на 2022 година (5%), но сепак над 5-годишниот просек.
Во 2023 година, пазарот на јавни набавки достигна 10,9% од БДП на земјата, во споредба со 8,6% во 2022 година. Тој претставуваше 28,3% од државниот буџет. Конкуренцијата во јавните набавки останува ограничена. Употребата на постапките за набавки со преговарање се намали на 1,6% во 2023 година, во споредба со 6,6% во 2022 година.

Забелешки има за реализација на поголеми проекти. „Проектот Коридор 8 и 10Д продолжува да предизвикува загриженост за користењето на Законот за стратешки инвестиции за заобиколување на регулативите за јавни набавки. Договорот за изградба на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на земјата беше доделен директно на меѓународен конзорциум без процес на конкурентно наддавање. Дополнително, договорот е означен како доверлив и не е јавно објавен“, се наведува во Извештајот на Европската комисија.

Помалите компании и руралните области сè уште се соочуваат со бариери за дигитализација. Потребни се повеќе напори за подобрување на дигиталните вештини, вклучувајќи: создавање национална рамка за дигитални вештини за учениците и наставниците; зголемување на ИТ алатките во основните и средните училишта; и проширување на брз пристап до Интернет за малите бизниси и неурбаните области.

Брисел има резерви и за доцнењето на зголемување на енергетската ефикасност или заштеда на енергија, што вклучува инвестиции во замена на фасади, прозорци, покриви, покриви… во приватни и јавни згради.

Во Извештајот за напредокот во економскиот дел се посочува и дека и покрај итната потреба од модернизација на инфраструктурата на стопанството, инвестициите во оваа област се ниски и дека дигитализацијата на економијата напредува бавно. Заостануваат и мерките за подобрување на енергетската ефикасност.

– Економијата се карактеризира со висок енергетски интензитет со ниска ефикасност во производството и потрошувачката на енергија. Енергетската ефикасност е еден од клучните столбови за постигнување амбициозни национални цели за енергија и клима, се вели во извештајот.

Истовремено, се констатира дека се зголемени производствените капацитети на обновлива енергија, кои сега сочинуваат 33 отсто од вкупното локално производство на електрична енергија.

Текстот е во сопственост на Фронтлајн
Дестан Јонузи економија Извештај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.