Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската енергетска асоцијација предупредува на криза и бара итна набавка на јаглен и мазут

0
By Соња Крамарска on July 18, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За да може ЕСМ максимално да произведува електрична енергија потребно е да се премине кон набавка на јаглен веднаш за да не биде доцна после во текот на зимата и треба државата финансиски да помогне доколку е тоа потребно, предупредија Македонската енергетска асоцијација (МЕА), по седницата на која беше разгледана енергетската состојба во пресрет на претстојната зимска сезона.

„Да се обезбеди мазут за вклучување на ТЕЦ Неготино бидејќи согласно постојните цени на електричната енергија и на мазутот, цената од ТЕЦ Неготино е околу 250 евра по мегават час, наспроти пазарната цена која во моментот е 350 евра, а во претстојниот зимски период се очекуваат и повисоки цени. Да се разгледа можноста ТЕ-ТО да биде во функција цела година, бидејќи е многу важно да се има домашно производство не само во услови за да има стабилност туку и за услови доколку се случи затворање на границите и на cross border протокот (преку граничниот проток на електрична енергија). Доколку нема домашно производство многу извесно е дека ќе се случат рестрикции со цел заштеда на електрична енергија“, велат од МЕА.

Од МЕА (Македонска енергетска асоцијација) велат дека во моментот во нашата земја има 40 до 45 мегавати фотоволтаици што се инсталирани или се инсталираат, но чекаат на приклучок на мрежа. За таа цел се бара ЕВН и сите кои што се одговорни да ги приклучат во најбрз можен рок.

„Нема економска оправданост да има инсталирани фотоволтаици а истите да не се ставени во функција само затоа што не се приклучени на мрежата. Истовремено, сите тие имаат дозвола за приклучок но поради административни пречки нивното приклучување не се реализира“, истакнуваат од енергетската асоцијација на чие чело е поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

За да може да се обезбедат нови количини на мазут потребно е да се пушти продажбата на слободен пазар, односно да се тргне од листата на регулирана цена, побараа од енергетската асоцијација.

„Се додека мазутот го држиме по регулирана цена, истиот тешко ќе се набави, а подоцна може да има и недостиг на пазарот“, порачуваат од таму.

Анализите велат дека уредбата што ја имаше донесено Владата во услови на кризна состојба, бараше произведената електрична енергија од повластените производители да оди само кониндустријата а не и кон домаќинствата, со што се овозможуваше индустријата да обезбедува од 15отсто до 17 отсто од потребите за енергија од домашни обновливи извори, чија цена беше помеѓу90 и 110 евра. Тоа беше и единствена мерка за поддршка на индустријата во делот на набавка на енергенси со поповолни услови. Со укинување на таа уредба енергијата произведена одобновливи извори наменета за индустријата се намали за цели 8 процентни поени и сега изнесува од 6 до 7 отсто, што значи со губењето на енергија од обновливите извори за потребите на индустрија производните трошоци на компаниите ќе растат.

Од тие причини МЕА бара Владата да ја врати уредбата која беше во функција во услови на прогласена кризна состојба со која целокупната произведена енергија од обновливи избори беше насочена само за индустријата. (Р.Н.)

енергетска криа МАЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.