Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската историја не треба да биде тема за политичко пазарење

0
By НОВА ТВ on May 19, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Историјата на Македонија и македонската култура воопшто не се и не треба да бидат теми за политичко пазарење. Се надевам оваа книга, како и книгата „Прогласот на Константин Филозоф – Свети Кирил“, што деновиве излезе од печат и која содржи прилози на старословенски, словачки и македонски јазик ќе послужат како водилка за долгоочекуваното и посакувано обединување на ставовите на македонските политичари во врска со ова прашање.

Ова денеска го нагласи академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ на промоција на колективното издание „Прилози кон историјата на Македонија и македонската култура“ приредено од академик Катица Ќулавкова, што се одржа денеска на платото пред МАНУ.

– Оваа книга не им се обраќа на оние кои ја доведуваат во прашање нашата посебност како народ и култура, најмалку им е упатена на нашите источни соседи од кои не ни треба никакво смешно признание или каква комична согласност за тоа дека постоиме, рече во промотивниот говор академик Витомир Митевски.

Македонскиот народ, вели тој, има своја колективна меморија и неа не може да ја изрише никаков политички договор.

– Тука објавените трудови на нашите еминенти специјалисти од разни области се само еден посебен израз на таа наша меморија… Сите тие сведочат против небулозите на оние што си вообразуваат дека кај нас се започнало од 45-та година на минатиот век… Реалноста говори за нешто сосема друго. Корените, не само на македонскиот јазик, туку и на култура, воопшто, се многу подлабоки, стари векови наназад, рече Митевски, посочувајќи дека книгата е поделена на четири поглавја.

Во својот говор, академик Катица Ќулавкова посочи дека книгата има за цел да понуди непристрасно читање на историските документи важни за разбирање на историскиот континуитет.

– „Прилозите кон историјата на Македонија и македонската култура“ имаат цел да понудат непристрасно читање на историските собитија, документи, артефакти и околности важни за разбирање на историскиот континуитет со македонски предзнак. Повод за него беше освен вечниот копнеж по вистината ултимативниот и посесивен став на некои политички, делумно и научни кругови во соседството, став кој успеа да се интернационализира и рефлектира врз современите македонски состојби и врз статусот на македонската држава. Свесни дека не постојат фиксни и непроменливи историски приказни, туку плурални слики на историското минато и дека секој колективен и државно правен субјект има право на своја интерпретација на минатото, сегашноста и иднината, ние одлучивме да направиме дијагонален пресек на историјата на Македонија од древните епохи до средината на 20 век, посочи Ќулавкова.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.