Еден македонски државјанин загина, а друг е повреден кога рано утрово се превртел камионот со кој патувале на автопатот кон Ниш, во близина на Врчин, јавува Танјуг.
Порпаролот на Итната помош во Србија, Нада Мацура за Танјуг, изјавила дека совозачот, стар 28 години, погинал, а 34-годишниот возач на камионот е тешко повреден во несреќата која се случила околу пет часот утринава кај бензиската пумпа “Елп”, во близина на Врчин.
Возачот со тешки телесни повреди веднаш е пренесен во салата за реанимација во Ургентниот центар во Белград, а на местото на несреќата увид извршила полицијата и истражен судија.