„Dogs of War“ е снимен пред еден месец на неколку локации низ Битола и моментално се наоѓа во тесна борба за првото место на „My Road Reel“, интернационалниот филмски натпревар, организиран од компанијата RØDE.
„Dogs of War“ зборува за изборот помеѓу чесноста и материјализмот, користејќи ја приказната за еден разбојник, фатен ограбувајќи воена патрола, чиј единствен спас од ситуацијата е да го изманипулира својот поранешен колега. Изборот е очигледен и немоновен.
Се гласа на следниот линк, само со клик на копчето Vote веднаш под филмот и најавување со Facebook или email.
Зад „Dogs of War“ стои актерската екипа составена од Алек Ѓорѓиески, Димитар Даневски и Елизабета Јованоска, текст и режија се на Пеце Здравковски и Бојан Соклевски, филмската екипа е составена од Ѓорги Вацев, Игор Георгиоски, Ристо Алчинов, Христо Стојаноски, Кети Талевска, Христина Тренчевска и Симона Јосифовска, а екипата на статисти и помошници ја сочинуваат Христијан Српчански, Филип Каранфиловски и Ангела Српчанска.