ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА постојано ја следи и во континуитет ја анализира демографската состојба во Р.Македонија и истовремено изразува длабока загриженост од катастрофалните резултати и последици од истата.
Многу често презентирајќи статистички податоци, факти и анализи сме излегувале пред македонската јавност и укажувале на постојаното намалување на бројот на македонското население кое за жал од година во година е се поизразен.
ВМРО НП смета дека Законот за трето дете директно инициран и усвоен од ВМРО ДПМНЕ е опасен и катастрофален за иднината на македонскиот народ.
Со овој закон забрзано и неповратно се менува демографскиот сооднос на директна штета на македонскиот народ, а се стимулира континуиран прираст на останатите етнички заедници.
Со ваквата динамика македонскиот народ за многу кратко време ќе стане малцинство во сопствената држава.
Од наведените причини ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА предлага под итно да се укине Законот за трето дете.