Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонскиот штанд на Дубаи Експо го посетиле 50.000 посетители

0
By Mirjana on November 21, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од 1 октомври наваму павилјонот на Северна Македонија на Дубаи Експо 2020 го посетиле преку 50.000 посетители. На најголемиот светскиот настан за оваа година земјата се претставува со слоганот „Дом на секој чекор“, а под мотото „Нови можности”. Деновиве на Дубаи Експо е мошне раздвижено, и покрај ковид пандемијата и строгите мерки за влез во Обединетите Арапски Емирати, многу туристи и посетители одат да ги видат павилјоните на земјите претставени на овој настан што се одржува еднаш на десет години и на којшто се презентираат иновативни идеи за технолошки развој, одржливост, бизнис можности, културни и традиоционални вредности, пренесува известувачот на МИА од овој настан.

Светското Експо веќе 170 години претставува платформа за прикажување на најголемите светски иновации. Експо 2020 ја продолжи таа традиција така што голем дел од земјите застапени таму ги презентираат своите најнови технолошки достигнувања.

Оваа манифестација требаше да се одржи минатата година, но поради пандемијата е одложена за оваа година, но домаќините, сепак, го задржаа името како Дубаи Експо 2020. Манифестацијата започна на 1 октомври и ќе трае до 31 март, а претставени се 192 земји. Секојдневно на Дубаи Експо 2020 (expo2020dubai.com) се одржуваат бројни манифестации, а земјите имаат и свој национален ден кога ги претставуваат своите можности.

Дубаи Експо 2020 е сместено на површина од 438 хектари и е лоциран помеѓу градовите Дубаи и Абу Даби, во близина на јужната граница на Дубаи со Абу Даби. Павилјоните се поставени околу централниот плоштад, насловен како Ал Васл, ограден со објекти од трите големи тематски области. Секоја од нив е посветена на една од поттемите на Експо 2020 – Можност, мобилност и одржливост. Локалитетот има центар за итни случаи кој вклучува соба за изолација, соба за итна медицинска помош, амбулантни возила и хеликоптери.

Павилјонот на Република Северна Македонија е отворен со поддршка на домаќинот Обединетите Арапски Емирати, а посетителите имаат уникатна можност директно да се запознаат со културата и традицијата на нашата држава, како и со природните богатства и туристичкиот потенцијал. Изложени се теракоти, артефакти, традиционални носии, промотивни материјали и видео презентации на Северна Македонија.

Посебен фокус е ставен на можностите за економска и трговска соработка, како и инвестицискиот и бизнис потенцијал на земјава, поради што поставени се и дополнителни информативни панели  за слободните економски зони, иновациите, земјоделството, енергетиката и туризмот.

Придобивките од учеството на Северна Македонија на Дубаи Експо 2020 се бројни, од подигнување на видливоста на земјава во регионот на Блискиот Исток и во светски рамки, зголемување на бројот на странски туристи, креирање мрежа на бизнис контакти и можности за зголемување на економската соработка.

Генералниот комесар за Дубаи Експо 2020 Бекри Ајдини во изјава за МИА вели дека Република Северна Македонија учествува со својот павилјон на оваа светска манифестација под мотото „Дом на секој чекор“ и со тоа сака да даде добар симбол и објаснување дека земјата е отворена за сите заедници кои живеат таму и посетители и туристи кои сакаат да ја посетат Северна Македонија.

-Исто така даваме добра порака за сите посетители да се чувствуваат како дома. Во павилјонот од 380 квадрати, 200 квадрати се изложба. Генерално се претставуваме на економски план. Околу 75 отсто од целиот павилјон го покриваме делот на економијата, претставувањето на странските инвестиции, субвенциите кои ги дава државата, планот за економскиот развој, делот за енергетиката, но генерално и во делот турзимот и нашите потенцијали. Освен тоа ја презентираме Република Северна Македонија како држава каде живеат во кохабитација различни етнички групи, различни религии и исто така го покажуваме нашиот историски дел, богатата култура, богатите споменици. Исто така во павилјонот донесовме две препарирани животни, балканскиот рис и златен орел, кои се карактеристични за нашиот регион и кои станаа атракција бидејќи се многу блиски до локалните луѓе во Емиратите и исто така се преознатливи за нив. Исто така посетителите можат да видат и етнички носии кои се исто така карактеристични кои ја претставуваат културата и традицијата во нашата земја, вели Ајдини.

Генерално, потенцира тој, сме фокусирани на туризмот, а Република Северна Македонија е позната туристичка дестинација во сите четири сезони за рзлика од Дубаи каде не е таков случај.

-Затоа го претставуваме Охридското езеро и нашиот летен туризам, зимскиот Попова Шапка, како идна дестинација за туристи и Маврово, ски центарот итн, но и другите сезонски туристички дестинации, рече Ајдини.

Македонскиот павилјон на Дубаи Експо 2020 го посетиле преку 50.000 посетители од целиот свет. Според Ајдини, тоа е показател дека сме интересна и атрактивна дестинација.

-Од почнувањето на Експо 2020 имаме многу посетители што за нас е показател дека сме интересна и атрактивна дестинација, Во овој дел имаме рекорден број посетители блиску 5000 односно 4420 посетители. Исто така во работни денови има околу 2500 посетители додека за викенди таа бројка стасува преку 4000. Генерално за овие 40 дена имаме над 50.000 посетители. Се трудиме да ја претставиме нашата земја таква каква што е со сите убавини и богатства и сме среќни бидејќи имаме голем успех, истакнува тој.

Нашиот национален ден е на 22 февруари 2022 година, кога таму се очекува присуство на највисокото државо раководство. Тогаш ќе се одржи и бизнис конференција, но и културна презентација со настап на наши ансамбли и изложба во нашиот павилјон.

 

Македонија на Дубаи експо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025
ФОКУС

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

ВЕСТИ October 12, 2025

Светски лидери од повеќе од 20 земји ќе присуствуваат на самитот што е закажан за…

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
ТИКЕР

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.