Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонско-бугарско пријателство се приклучува кон опозицискиот блок

0
By Нова ТВ on September 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 19, 2016 11:39

„Здружението за Македонско-Бугарско пријателство“ како дел од граѓанскиот сектор во Македонија даде поддршка на Платформата за демократска Македонија.

Оваа одлука е донесена викендов, на работниот состанок на раководството на Здружението одржан во Прилеп, на кој присуствуваа и претставниците на петнаесетте локални ограноци во земјава.

– Во Република Македонија принципот на јавен интерес е заменет со принципот на партиски интерес, државните институции секојдневно го губат (некои и одамна го изгубија) својот авторитет, бидејќи нивната функција не е во рамките на законските обврски кон граѓаните, туку кон нивните партиски (и деловни) наредбодавачи.

Република Македонија се претвори во земја во која правната сигурност, правото на заштита во рамките на Уставот на Република Македонија, станаа невозможни пред она што се уште во земјава се нарекува правен систем. Највисоките избрани и именувани функционери беа изложени и пред домашната и пред меѓународната јавност во крајно засрамувачки и инкриминирачки активности.

Уверени сме дека оваа состојба е во спротивност со желбите и очекувањата на граѓаните на нашата земја.

Индивидуалните права и слободи, правото на сопственост, работа, образование, адекватна социјална заштита и ефикасен здравствен систем, се права кои граѓаните на Република Македонија ги имаат согласно Уставот. Тие не се исчезнати, укинати или одземени, ние само „ дозволивме“ да бидеме убедени дека не ни се потребни.

Како граѓанска организација која голем дел од својата енергија посветува на промовирање на соработката,  дијалогот, размената на идеи, споделување на искуствата, сосема е очекувано дека ние и како граѓани и како организација, не сме воопшто рамнодушни на политичките случувања во нашата земја. Напротив, политичката нестабилност, економската несигурност и неизвесност, придонесоа Република Македонија денеска да биде запоставено подрачје во Европа.

Во периодот зад нас, многу од нашите членови својот револт од состојбите во земјава го изразуваа индивидуално како граѓани, денеска тој индивидуален револт, пркос, како и да го наречеме, станува дел од нашите секојдневни обврски како организација.

За таа цел, Здружението ги задолжува Петар Колев, Димче Петкоски и Ѓорѓи Трендафилов, да ги усогласат идните активности и обврски кои се однесуваат на Здружението, а произлегуваат од придружувањето кон  Демократскиот фронт за иднината на Македонија и Широкиот опозициски блок, предводен од СДСМ, се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.